ПОВЕЌЕ

    Каде ќе нѐ одведе вештачката интелигенција

    Време зa читање: 4 минути

    Во време кога вештачката интелигенција забрзано напредува и веќе станува дел од секојдневниот живот, клучно е да се разгледаат прашањата за нејзината примена, правилна употреба и етичките последици. Токму на овие теми се разговараше во оваа епизода на New Biz, чиј гостин на Наташа Велковска беше Суад Сефери – професионалец во ИТ индустријата, автор на првата книга за вештачка интелигенција на Балканот, „The AI Journey“, како и основач и претседател на организацијата „AI Now“.

    Денес сѐ повеќе се поставуваат прашања – како да избереме која алатка да ја користиме, дали GPT-4, или Canvas, или кој било и дали постојат насоки кој тип на корисници треба да користи каков модел.

    Првото е Neural AI, второто е General AI и третото е Super AI. Neural AI е фазата дека што ние се наоѓаме сега, Neural AI фактички функционира со една команда. Neural AI е фазата каде што сега се наоѓаме и има интелигенција малку пониска од човечката. General AI може да извршува повеќе команди одеднаш и размислува слично како човекот. Super AI „не зборува“ и сѐ уште е само визија. Темелите за General AI веќе се поставени, и OpenAI веќе се движи кон тој правец“, вели Сефери, тој објасни како денешната технологија се гради „цигла по цигла“ во насока на мултитаскинг интелигенција која ќе може да извршува комплексни барања, како на пример резервации со спецификации и попусти.

    Разговорот се прошири и кон глобалната конкуренција во ова поле, каде што беше спомната Кина, но и проектот DeepSight CWK на DeepSeek – алатка која овозможува креирање на апликации без познавање на програмирање. Иако таквите технологии отвораат нови можности, се поставува прашањето – што се случува со џуниор кадрите, со младите програмери што започнуваат?

    „Ако 90% од работата ти ја заврши АИ, а само 10% мораш да платиш за доработка – не е страшно. Но кој ќе ги научи џуниорите? Поголемите компании не треба да се откажат од младите кадри – токму напротив, да покажат разбирање и поддршка“, истакна Сефери подвлекувајќи дека во ерата на дигитална комуникација без емоција – како одговорите од ChatGPT – мораме самите да ја носиме моралната одговорност.

    Се отвори и прашањето за етичките граници во вештачката интелигенција. Беше споделен пример со адвокатска фирма што користела вештачка интелигенција за анализа на договори, но не сфатила дека системот ги користи документите и за обука, со што слични темплејти почнале да се појавуваат кај други корисници.

    „Информациите кои ги внесуваме, треба да ги третираме како личен простор. Твојот акаунт е како куќа. Ако му дадеш премногу, вештачката интелигенција ги користи твоите информации и ги дели со други, сликовито објасни Сефери.

    Тој се осврнаа и на недоволната застапеност на македонскиот јазик во постоечките системи, и на мешањето со бугарски податоци и бугарскиот јазик, поради што беше иницирана важна иницијатива.

    „Затоа креиравме еден наш македонски LLM, кој веќе е open source и е отворен, секој може да го користи. Моментално има база само од Википедија, околу шест гига, и функционира во контекст како и другите ботови, само што е на македонски јазик. Планот е овој модел да се проширува со јавно достапни документи од Македонија, со цел граѓаните без познавање на правен јазик да можат да постават прашање на природен јазик и да добијат точни членови од закон или друг релевантен документ“, вели Сефери.

    Тој ја истакнаа и важноста од користење на платени алатки, кога тоа е возможно, според него добро е да се плати ќе се добијат проекти, пристап до нови опции и слично.

    На прашањето каде гледа дека ќе се развива работата на неговата организацијата во услови на ваков интензивен развој на вештачката интелигенција, тој вели дека имаат многу голем интерес.

    „Имаме нови членови, многу студенти се заинтересирани и затоа сакаме да имаме некакво партнерство и со други невладини организации што би можеле и тие да ни помогнат – и финансиски, и преку проекти, на кој било начин, за да можеме да развиеме некоја платформа или некој центар, каде што би можеле да им помогнеме на младите, на другите невладини, на компаниите, и така натаму. Тоа е една од главните цели – да направиме таков центар. И во тој центар би можеле да одржуваме панели, работилници, предавања, и сѐ што има потреба во општеството реално. Затоа што имаме многу отворен пристап, транспарентна комуникација, сите членови сме исти – немаме его и сите сакаме да придонесеме нешто што сметаме дека ќе придонесе и во општеството“, вели Сефери.

    Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcast

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично