ПОВЕЌЕ

    Студенти одбиени за домашна платежна картичка иако исполнуваат услови

    Време зa читање: 2 минути

    Дел од студентите останаа без денар доделен од Владата. Голем дел од младите до 29 години не ја добија најавената владина помош во износ од 3.000 денари преку домашната платежна картичка. Многубројни се оние кои и покрај тоа што ги исполнуваат сите услови, не се најдоа на списокот за доделување платежна картичка, и приговорите им беа одбиени. Во текот на изминатиот период, беа поднесени дури 30.000 приговори, од кои беа прифатени само 4.052.

    Институциите си ја префрлаат одговорноста за проблемот. Факултетите кај министерството, а министерството пак кај Владата, односно во Генералниот секретаријат.

    На 24.јули истече рокот, па оние студенти кои не ја добија најавената парична помош од Владата, се прашуваат зошто се дискриминирани во однос на другите кои беа на списоците.

    Владината помош од 3.000 денари преку платежна картичка е дел од третиот сет економски мерки кои беа директно наменети за граѓаните и компаниите во периодот на кризата со крона вирусот во Македонија, кои беа донесени во предизборна кампања за што дел од невладините и политичките актери ги класифицираа како поткуп на гласачи и злоупотреба на помошта која државата ја нуди за справување со корона кризата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично