Првиот човек на Управниот одбор на Гранит, Страшо Милковски, се стекнал со дополнителни 1.200 акции издадени од градежната компанија. Во моментот поседува 2,36 отсто од акционерскиот капитал, наведено е во објавата споделена преку Македонска берза.
Информација со слична содржина беше објавена и минатиот месец. Претседателот на највисокото раководно тело тогаш купил 3.000 акции.
Всушност, од февруари наваму менаџментот на Гранит со купувањето акции ја потврдува стабилноста и просперитетноста на компанијата. Генералниот директор Зоран Милковски се стекна со 1.000 акции, при што во сопственост има удел од 10,28 проценти. Катерина Гердовска, исто така член на УО, со купените 284 акции поседува 0,21 процент. А, 440 акции купил Андреа Серафимовски и неговиот дел е 0,49 проценти.
Две трансакции се поврзани со членот на Надзорниот одбор, Виолета Божиноска: во февруари купила 297, а во март 310 акции. Засега има 1,58 проценти од вкупниот број акции издадени од Гранит.
Аналитика








