Стопанската комора пред Уставен суд поднесе две иницијативи. Во едната, ги оспорува членовите 4, 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија објавен во „Службен весник на РСМ” 295/21.
„Се оспоруваат одредби коишто се однесуваат на работното време, инспекцискиот надзор и прекршочни санкции. Според подносителот оспорените одредби биле во спротивност со слободата на пазарот и претприемништвото од Уставот“, велат од Уставниот суд.
Во втората, Стопанската комора го оспорува Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи објавен во „Службен весник на РСМ” бр.288/21, како спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Оспорениот закон се однесува на уредување на работата во недела.