
Многу насмевки и добро расположение, тоа беше главната одлика на годинешниот настап на тимот на Стопанска Банка АД Скопје на Скопски Маратон. На овој празник на спортскиот дух и на позитивната енергија, на улиците ослободени од автомобили, тимските бои на банката ги бранеа 24-ца вработени и нивни деца. Нив ги бодреа бројни колеги, пријатели и членови на семејствата.
„Не направивте горди и на ваша страна сме за сите следни атлетски подвизи“, напишаа на својата Фејсбук страница, споделувајќи дел од фотографиите кои ги направија со тимот на еден од најубавите спортски настани во Градот.









