ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка овозможи уплаќање готовина на 60 банкомати низ земјава

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка АД – Скопје веќе достигна бројка од 60 банкомати низ својата мрежа на кои клиентите можат да уплаќаат готовина во кое било време, идентификувајќи се со платежна картичка на чија сметка потоа се евидентира уплатата.

    Користењето на услугата за уплата на готовина е бесплатно за клиентите на Банката, едноставно е и се реализира во само три чекори. Може да се уплаќаат исклучиво денари и тоа до 100 банкноти одеднаш.

    Бесплатните готовински уплати на банкомат можат да прават и фирмите (правните лица) кои се евидентираат како уплата на дневен пазар, а се вршат преку Business картичка која доколку ја немаат, се издава во брза и едноставна постапка преку филијалите на Стопанска банка.

    Средствата веднаш се на располагање доколку уплатата се прави со дебитна картичка на физичко лице. За кредитните картички и за уплатите од правни лица со помош на бизнис картичките, уплатените средства се достапни во рок од 1 час од уплатата ако таа е извршена во работното време на платниот промет. Во спротивно, средствата ќе бидат достапни следниот работен ден.

    Со можноста за уплата на готовина на повеќе од 60 нови локации кои се достапни 24/7, Банката значително ги приближува своите услуги до клиентите и овозможува поголем избор и слобода.

    Локациите на банкомати на веб страницата на Банката дополнително се посебно означени со cash in за да се разликуваат од останатите банкомати во мрежата. Најголемиот дел од банкоматите кои се поставени во филијалите ја имаат cash in функцијата, па вработените во филијалите ќе можат на барање на клиентите да им ги презентираат новите услуги.

    Повеќе информации за услугата може да најдете на информативниот леток.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично