ПОВЕЌЕ

    СТОПАНСКА БАНКА ОЧЕКУВА економските движења да бидат во позитивна насока

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка Скопје е конкурентна во поглед на добивката, односно е второпозиционирана е со чистиот профит од 1.783.826.000 денари.

    СТОПАНСКА БАНКА ја „ШИЕ“ КОНКУРЕНЦИЈАТА СО ПРИЛИВИТЕ ОД КАМАТИ – за шест месеци 55,8 милиони евра

    КАКВИ СЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ НА БАНКАТА ЗА ПЕРИОДОТ ШТО СЛЕДИ?

    Во периодот што следува, менаџментот на Стопанска банка Скопје очекува движењето да биде во позитивна насока, со намалување на инфлацијата, невработеноста, зголемување на стапката на пораст на бруто-домашниот производ, кои ветуваат позитивен амбиент за економските субјекти.

    АСТРОНОМСКИ ЦЕНИ НА СТАНОВИ: Кои се факторите за континуираниот раст?

    Во иста насока е и проекцијата на Меѓународниот монетарен фонд, кој предвидува закрепнување на домашната економија и зајакнување на растот во 2024 година, поттикнат од планираните јавни инвестиции, особено од започнувањето на изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д, како и постепено намалување на инфлацијата.

    Девизните резерви се одржуваат на солидно ниво, со обезбедување на 4-6 месеци покриеност на увозот. Банкарскиот сектор е ликвиден, добро капитализиран, профитабилен, при што нефункционалните кредити се стабилни и се на историски најниско ниво. Во следниот период се очекува продолжување на деловните активности во согласност со дефинираниот деловен план на Банката со целосна ориентираност кон поддршка на клиентите, прудентно управување со ризиците и одржување висока стабилност, сигурност и ефикасност во сите сегменти од нејзиното работење. Исто така, Банката продолжува со реализација на започнатите проекти, пред сè, во делот на дигитализацијата и трансформацијата за подобра услуга кон клиентите, поефикасно интерно работење и оптимизација на процесите, понуда на нови услуги и зајакнување на конкурентската позиција на пазарот.

    Фокусот на Банката останува на редовното и ефикасно извршување на основните деловни активности, одржување на лидерското пазарно учество од околу 27% во сегментот на кредитирање на населението, со фокус за натамошно зголемување на пазарното учество во делот на кредитирање на компаниите.

    Оваа година Стопанска Банка прославува 80 години од основањето и следствено целиот натамошен период ќе биде исполнет со многубројни новитети и изненадувања на задоволство на клиентите и соработниците, но и на пошироката заедница.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично