Стопанска банка АД – Скопје, како системска банка, активно ќе биде вклучена во спроведувањето на проектот „Купувам домашно“ кој произлегува од Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и на вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.
Клиентите е потребно да ги следат неколкуте чекори за да добијат информација за својот статус.
- На www.kupuvamdomasno.gov.mk може да се информираат од која банка ќе ја добијат картичката, како и за тоа за кој износ на финансиска поддршка се квалификувале.
2. Најдоцна до четврток 11. 6. Банката на својата интернет страница ќе го објави сервисот преку кој лицата што се распоредени за издавање на домашна картичка преку Стопанска банка ќе можат да проверат (со својот ЕМБГ) на кој датум, во која филијала и во кој термин картичката ќе биде достапна за преземање. За оваа цел, на клиентите што имаат пријавено мобилен телефон во Банката, ќе им биде испратен и СМС со терминот и со филијалата за подигнување на картичката.
Клиентите кои немаат интернет пристап, терминот и филијалата определени за подигнување на нивната картичка ќе можат да ги проверат во 24/7 контакт центарот на (02)3100109, почнувајќи од 11. 6. (четврток).
3. Апелираме клиентите да се придржуваат до определениот термин (датум, време и филијала) за подигнување на картичките со цел избегнување на метежот и нивна поголема заштита во овие вонредни услови. Клиентите задолжително со себе треба да понесат важечки документ за лична идентификација!
4. Издавањето на картичките Банката ќе го врши во наменски определени филијали (во градовите каде СБ е застапена со повеќе филијали) или со посебен временски режим на работа за оваа намена (во градовите каде што Банката има една филијала), за што детални информации ќе бидат објавени најдоцна до 11.06.2020 година.