ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД – Скопје донира за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

    Време зa читање: < 1 минутa
    Разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија однесе илјадници човечки животи и засекогаш ги смени животите на луѓето од двете земји. Стопанска банка АД – Скопје соопшти дека обезбеди финансиска поддршка од 3.000.000 денари за напорите кои Црвениот крст ги прави за помош на жителите во погодените подрачја.
    Финансиската поддршка е солидарен, хуманитарен акт кој само го надополнува огромниот одзив на населението и компаниите од земјата и горди сме што можеме да подадеме рака на нашите пријатели соочени со страшните последици од земјотресот, истакнуваат од Стопанска банка АД – Скопје.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично