
Од СДСМ најавуваат редефинирање на својата економска визија и отворање на поширок процес за креирање политики. Фатмир Битиќи од СДСМ во поткастот „Каде се парите?“ зборува за потребата економијата повторно да се постави околу човекот, трудот и правичната распределба, наместо околу краткорочни фискални интервенции. Во таа насока, најавува Форум кој нема да биде затворен партиски круг, туку отворена платформа за експерти, граѓани и сите кои сакаат да дадат придонес. Според него, токму преку ваков инклузивен пристап СДСМ сака да понуди јасна алтернатива и долгорочни решенија за економијата.
„Раководството само треба да направи платформа, форум во кој што ние ќе се најдеме. Не е партијата местото кај што сите ќе се бориме за позиција. Не. Партијата е местото преку кое ќе ја дадеме нашата визија за тоа како државата сакаме да ја видиме подобро. Видете, јас сакам 2006 да се повтори веќе 2026 година, но оваа влада нема визија за тоа. И затоа, сметам дека ние сме потребни на општеството. Независно што сме водени од различна идеологија. Ние имаме иста една цел, а таа е Македонија да биде подобро место за живеење за нашите деца…“
Фатмир Битиќи, СДСМ и поранешен вицепремиер за економија
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








