ПОВЕЌЕ

    Стевкова Штериева: Комерцијална банка е партнер на клиентите во остварувањето на финансиските цели

    Време зa читање: 2 минути

    Приходите се зголемени, кредитното портфолио е стабилно и капиталната позиција е исклучително силна. Тоа се показателите за функционирањето на Комерцијална банка во текот на минатата година, при што менаџментот и вработените со својот професионален ангажман и посветеност успешно ги реализираа деловните активности, посочува во видео-обраќањето главната финансова директорка и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, Маја Стевкова Штериева.

    Според директорката, 2023 е уште една многу успешна година и потсетува дека со зголемената профитабилност остварена е нето-добивка од 3,6 милијарди денари, што претставува зголемување од 66,6 насто во однос на 2022 година.

    „Приходите се зголемени, кредитното портфолио е стабилно и капиталната позиција на Банката е исклучително силна. Зголемувањето на нето-добивката главно произлегува од зголемените приходи од камати, кои беа остварени во голема мера благодарение на активното управување со портфолиото на Банката со финансиски инструменти и активности на финансиските пазари“, вели Стевкова Штериева.

    Додава дека над 56 проценти од активата на Банката се пласмани во парични средства, парични еквиваленти и во хартии од вредност.

    „Тоа резултираше со значителен раст на приходите по овој основ. Соодветно на тоа зголемени се стапката на принос на капиталот, која изнесува 19,9 проценти, како и стапката на принос на вкупната актива, која изнесува 2,2 проценти“, вели директорката, според која, таквиот деловен модел придонел за остварување на планираните приходи, цели и проекции, но и за нивно надминување во повеќе сегменти од работењето.

    Воедно, наведува дека во услови на неповолни инфлаторни влијанија и изразена неизвесност, за клиентите се обезбедени поволни каматни стапки, а тоа резултирало со зголемување на вкупните депозити за 9,6 милијарди денари, односно за 7,2 насто. Освен тоа, има и низа нови и иновативни производи и услуги, кои за клиентите значат не само финансиска поддршка, туку и брзи и ефикасни банкарски трансакции од кое било место во кое било време.

    „Банката остана столб на довербата и партнер на граѓаните и на компаниите за пласирање и оплодување на нивните заштеди, како и за поддршка во остварување на нивните финансиски цели и потреби“, вели главната финансова директорка на Комерцијална банка.

    Во прилог видео од обраќањето на главната финансова директорка и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, Маја Стевкова Штериева.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично