Нивната врска не започнаа непријателски.
Стив Џобс и Бил Гејтс започнаа да ги создаваат своите компании во исто време, што беше логичен катализатор за нивното ривалство. И додека порано имаа периоди на учтивост, поголемиот дел од времето, тие беа свртени еден кон друг.
За време на 30 години, двајцата поминаа низ сè, од претпазливи сојузници, до жестоки ривали, и до нешто што изгледаше како блиски пријатели.
Затоа се чини дека Епл не би бил таму каде што е сега, без Мајкрософт, и Мајкрософт не би бил таму каде што е, без Епл.
Мајкрософт и Епл работеа заедно на „Макинтош“ првите неколку години, сè додека Гејтс не сфати дека повеќе луѓе од „Мајкрософт“ работат на овој проект отколку од „Епл“.
Нивната врска се распадна кога Мајкрософт ја објави првата верзија на Windows во 1985 година. Лутиот Џобс го обвини Гејтс за кражба на „Епл“, но на Бил Гејтс не му беше гајле, бидејќи беше свесен дека и двајцата го украдоа интерфејсот од Xerox.
„Мислам дека е попрецизно да се каже дека и двајцата имавме голема полза од Xerox“, изјави Бил Гејтс.
Оттогаш, ракавиците се тргнаа, па во годините што следеа, паѓаа многу потешки зборови.
„Стив Џобс беше фундаментално чуден и невообичаено оштетен како човек“, рече Гејтс. Тој никогаш не знаеше многу за технологијата, но имаше чувство за тоа каде светот се движи. Тој е одличен продавач но нема фундаментално познавање за технологија. Тој не знае ништо за програмирање и 99 проценти од она што го зборува и мисли, е погрешно”, еднаш рече Гејтс.
Од друга страна, Џобс рече:
“Тој би знаел многу повеќе доколку почне да зема LCD. Тој беше суштински незамислен и никогаш не измисли ништо. Затоа мислам дека се чувствува попријатно во филантропијата отколку во технологијата.”
И додека тие се “копираа” едни со други, напаѓаа и се обидуваа да бидат подобри едни од други, нивните компании напредуваа, а светот е поделен на Епл и Мајкрософт. Фактот дека и двете компании се на врвот со години е доказ дека нивната врска не ги забавила на никаков начин.