ПОВЕЌЕ

    Штетата од блокадата на Суецкиот канал е над милијарда долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Директорот на Суецкиот канал, египетскиот адмирал Осама Раби, рече дека загубите поради бродот Ever Given кој беше заглавен во каналот може да достигнат милијарда долари.

    „Износот, штетата и загубите, односно колку пари отидоа во копање, до влечења, сè уште не се пресметани, проценката е можеби повеќе од милијарда долари“, рече Осама Раби, како што пренесе Ројтерс.

    Бродот беше заглавен во Суецкиот канал скоро една недела, а беше пуштен во понеделникот.

    Суецкиот канал е вештачки канал на ниво на море во Египет, долг е 163 километри, ги поврзува Средоземното и Црвеното море и ја одделува Африка од Азија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично