ПОВЕЌЕ

    Стефковски: Проектот „Гази Баба без кал“ целосно ќе завршиме во наредните четири години

    Време зa читање: < 1 минутa

    Реконструкција на големите локални улици најавува актуелниот градоначалник на Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски кој е во трката за нов мандат. Целта е да се подобри состојбата во сообраќајот, да се зголеми безбедноста на улиците, а животот на граѓаните да биде поквалитетен.

    „Во насока на унапредување на инфраструктурата и секојдневието во нашите населби, започнуваме со комплетна реконструкција на големите локални улици!

    Ќе ги реконструираме улиците Лазар Поп Трајков – Автокоманда; Анри Барбис и Карл Хрон – Триангла; Среќко Пужалка и Финска – Ченто; Пехчевска – Хиподром; 2 и 18 – Инџиково; Трајко Китанчев – Ченто; 10 и 3 – Јурумлери“.

    Воедно, потсетува дека во првиот мандат се асфалтирани повеќе од 170 локални улици.

    „Дополнително во вториот мандат ќе асфалтираме и 100+ нови улици, надвор од овој проект. Проектот ‘Гази Баба без кал’ продолжува. Во следните 4 години ќе биде целосно завршен“, ветува Стефковски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично