ПОВЕЌЕ

    Статистика за стоковната размена: За 6 месеци трговски дефицит од една милијарда евра

    Време зa читање: 2 минути

    Од јануари до мај годинава од државата се извезени стоки во вредност од 219.268.075 илјади денари, или 3,5 милијарди евра. Тоа претставува пораст од 5,9 насто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока е 283.565.899 илјади денари, односно 4,6 милијарди евра. Споредено со состојбата од истиот лански период, има намалување за 7,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

    За половина година направен е трговскиот дефицит од 64 297 824 илјади денари, што е противвредност на 1,04 милијарди евра.

    Покриеноста на увозот со извоз е 77,3 проценти.

    Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

    Во периодот јануари – мај, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

    Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 3.557.689 илјади евра и бележи пораст од шест насто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока е 4.600.963 илјади евра, што е за 7,5 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит изнесува 1.043.274 илјади евра.

    Вкупната вредност на извозот е 3.843.601 илјада САД долари и бележи пораст од 4,1 процент во однос на истиот период лани. Увозот е 4.971.655 илјади САД долари, и е за 9,2 отсто помалку од споредбениот период. Трговскиот дефицит изнесува 1.128.054 илјади САД долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично