ПОВЕЌЕ

    Статистика: Јунската инфлација во Македонија се врати во едноцифрената зона

    Време зa читање: 2 минути

    Инфлацијата во јуни е 9,3 проценти, согледано според индексот на трошоците на животот. Индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,7 насто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

    Статистиката вели дека индексот на трошоците на животот во јуни, а во споредба со мај изнесува 101.0, а индексот на цените на мало е 100.7.

    Пораст на трошоците на животот во едномесечниот споредбен период е забележан кај свежото и разладеното овошје за 13,2%, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 6,7%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,0%, виното за 0,8%, сирењето и урдата за 0,7%, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,5%, месото, пивото за 0,3%, рибата и морските плодови, кафето, чајот, какаото, жестоките пијалаци за 0,2%.

    Во јуни, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 14,5%, туристичките аранжмани за 7,1%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, другите апарати и производи за лична хигиена за 2,0%, производите за домаќинството – нетрајни за 1,8%, течните горива за домаќинствата за 1,7%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,6%…

    Трошоците на животот се намалени кај маслото и маснотиите за 0,8% и млекото за 0,7%.

    Намалување има и кај гасот за домаќинствата – 2,5%, градините, растенијата и цвеќињата за 1,0%, цврстите горива за домаќинствата за 0,9%…

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично