
Самитот во Давос јасно ја покажа длабоката криза на меѓународниот поредок воспоставен по Втората светска војна, оценува универзитетскиот професор Александар Спасов во поткастот „Каде се парите?“. Според него, правилата врз кои со децении се темелеше глобалната безбедност и економска соработка сè помалку функционираат, додека нов поредок сè уште не е оформен, но се насетува дека на глобално ниво ќе имаме алијанси кои ќе бидат формирани врз одредени конкретни прашања, при што некои земји може да бидат во повеќе сојузи, во зависност од своите тесни интереси . Тој посочува дека Давос не е место на одлуки, туку огледало на процеси што веќе подолго време се одвиваат во светот.
„Она што го видовме во Давос, накратко кажано е дека постојниот меѓународен поредок дефинитивно се менува или веќе се променил. Тоа не значи дека постои нов меѓународен поредок, тоа значи дека оној меѓународен поредок на кој што сме навикнати после Втората светска војна, дефинитивно се менува. Не можеме да кажеме не постои, меѓутоа добар дел од него веќе е ирелевантен не само за иднината, туку и за сегашноста.“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








