ПОВЕЌЕ

    Промотивни СТАНБЕНИ КРЕДИТИ – КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН на Стопанска банка АД-Скопје

    Време зa читање: 5 минути

    Стопанска банка АД Скопје со промотивна понуда за сите клиенти кои ќе аплицираат во периодот од 01.07.2020 до 31.07.2020 добиваат:

    • 100% попуст на административни трошоци
    • 100% попуст на трошоци за процена
    • 100% ослободување од нотарските трошоци за воспоставувавање на заложно право и упис на заложното право во Агенција за Катастар на недвижности

    За времетраењето на Јавниот повик, односно за сите примени апликации за субвенциониран станбен кредит во периодот до 31.12.2020 година, Стопанска банка АД-Скопје ќе покрие 50% од нотарски трошоци за воспоставување на заложно право врз недвижност.

    Предности на производот

    • Износ до 50.000 евра
    • Денарски со клаузула во евра
    • Рок на отплата од 20 до 30 години
    • Ниски месечни ануитети како резултат на долги периоди на отплата
    • БЕЗ провизија за предвремена отплата со сопствени средства
    • БЕЗ депозит, БЕЗ жиранти, БЕЗ административни забрани, БЕЗ меница
    • Можност да се стави под хипотека истиот стан кој се купува
    • Ко-кредитобаратели може да бидат лица кои не се членови на потесното семејство
    • Со секоја одобрена апликација – предодобрена кредитна картичка со лимит во зависност од износот на кредитот
    • Наменет за купување на стан/куќа директно од инвеститорот или од изведувачот на градежните работи
    • Градба на куќа
    • Купување на нова куќа од правно лице или куќа во типска населба
    • Купување нова куќа од правно лице или куќа во типска населба /градба на куќа за млади до 35 години возраст

    Обезбедување со залог на недвижен имот во вредност од 125% – 200% од износот на кредитот во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување

    Ценовни услови

    • Апликативни трошоци 500,00 денари
    • Административни трошоци 0% од износот на одобрениот кредит, еднократно, за сите клиенти.
    • Трошоци за проценка 0 денари
    • Трошоци за осигурување на имотот кој се става под залог
    • Нотарски трошоци за регистрација на хипотеката и упис во Агенцијата за катастар на недвижностите
    • Нотарски трошоци за Изјавите по барање на Министерството за финансии
    • Целосна или делумна предвремена отплата со сопствени средства е БЕЗ провизија
    • За рефинансирање на станбени кредити од СБ во други банки 3% провизија од рефинансираниот износ

    Вид на субвенција

    • 50% од месечниот ануитет за купување стан
    • 75% од месечниот ануитет за доградба/надградба на постоечка куќа
    • 80% од месечниот ануитет за купување/градба на нова куќа
    • 50% од учеството за купување стан
    • 75% од учеството за доградба/надградба на постоечки куќа
    • 80% учеството за купување/градба на нова куќа
    • Субвенционирани кредити за млади до 35 год
      • 70% од месечниот ануитет за првите 5 години за купување стан
      • 60% за први 3 години, 50% за наредни 5 години, 40% за следните 3 години од месечниот ануитет со немана за КУПУВАЊЕ/ГРАДБА на нова куќа
      • 50% за први 3 години, 40% за наредни 5 години, 30% за следните 3 години од месечниот ануитет со немана за доградба/надградба на постоечка куќа
    • Субвенционирани кредити за млади до 35 год
      • 70% учеството за купување стан
      • 100% од учеството за купување/градба/доградба/надградба на куќа

    Каматни стапки

    За моделите каде се субвенционира дел од месечниот ануитет:

    • 2.90% фиксна за првите три години
    • 3.90% фикснa за 4-тата и 5-тата година
    • 6.17% променлива по 5-тата година (за клиенти кои платата ја примаат преку СБ)
    • 6,85% променлива по 5-тата година (за клиенти кои платата не ја примаат преку СБ)

    За моделите каде се субвенционира учеството:

    • 4.00% (6 месечен ЕУРИБОР + 4.00 процентни поени за целото времетраење на кредитот)

     

    Критериуми и Документација

    Покрај критериумите пропишани со Законот за субвенциониран станбен кредит потребно е да бидат исполнети и следниве критериуми:

    • Минимални месечни примања од 9.100 денари за секој учесник во кредитот поединечно.
    • Kо-кредитобаратели може да бидат лица кои се членови на потесно семејство (родител, дете, сопруг/а),
    • Ко-кредитобаратели може да бидат лица кои не се членови на потесно семејство, но да ги задоволуваат следните услови:
      1. Ко-кредитобарателот да е клиент со плата во СБ (најмалку 1 месец), или
      2. Ко-кредитобарател да е клиент на со постоен кредитен производ во СБ, со добра кредитна историја
    • За прифатените ко-кредитобаратели (без оглед на тоа дали се членови на потесното семејство или не), 100% од нивните примања и задолжувања влегуваат во пресметките.
    • Максималниот вкупен износ на месечните примања за лицата кои не се во брачна заедница не смее да надмине 900 евра во денарска противвредност.
    • Максималниот вкупен износ на месечните примања за лицата кои се во брачна заедница не смее да надмине 1300 евра во денарска противвредност.
    • Возраст на кредитобарателот / ко-кредитобарателот минимум 20 години на денот на аплицирање, максимум 70 години на денот на отплата на кредитот. Доколку е вклучен минимум еден ко-кредитобарател максималната возраст на денот на достасување на кредитот е 75 години.
    • Сопствено учество од најмалку 10% од продажната вредност на станот кој се купува (во зависност од вредноста на обезбедувањето и кредитоспособноста на клиентот)
    • Доколку се бара станбен кредит за градба на куќа, при што како обезбедување се нуди куќата која е предмет на градба заедно со земјиштето, минималното учество во однос на вкупната инвестиција за завршување на градбата потребно е да биде најмалку 25%.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично