ПОВЕЌЕ

    Штаермеркише Шпаркасе Групацијата лани со добивка од 80 милиони евра

    Време зa читање: 10 минути

    Годишен резултат на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со состојба на 31 декември 2020 година.

    Солидeн оперативeн резултат од 205 милиони евра

    Резултат за периодот по оданочување од 80 милиони евра

    Многу добри стапки на раст:

    • Раст на кредитите од 4,4%
    • Раст на депозитите од 11,3%
    • Раст на вкупниот Биланс на состојба од 7,8%

    Одлична капитална основа – стапка на адекватност на капиталот од 21,3%

    Спојување на Bankhaus Krentschker: проширување на банкарството за физички лица

    „И покрај предизвикувачките услови за работа, Штаермеркише Шпаркасе постигна охрабрувачки стапки на раст. Да се ​​биде во можност да се забележи раст на депозитите, кредитите и на вкупниот биланс на состојба во вакви времиња е голема победа за Штаермеркише Шпаркасе и за сите нејзини вработени. Кај трансакциите со хартии од вредност, дефинираните цели беа дури и надминати. Проектите за спојување со Охридска банка во Северна Македонија и Банкхаус Крентшкер ни отвораат нови можности што сакаме да ги искористиме и ќе ги искористиме. Подготвени сме да го продолжиме патот на раст во 2021 година, па дури и да го надминеме“, вели Герхард Фабиш, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе.

    Групацијата Штаермеркише Шпаркасе е најголем обезбедувач на финансиски услуги во Јужна Австрија. Со 3.044 вработени опслужува 801.030 клиенти на 254 локации во Штаерска и во Југоисточна Европа. Пазарното учество на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе во Штаерска изнесува околу 34% во сегментот на работење со физички лица и околу 39% во сегментот на правни лица. Со 8.887 вработени што работат во Групацијата Штаермеркише Шпаркасе се опслужуваат околу 2,6 милиони клиенти на 503 локации. „Шпаркасе“ или „штедна банка“ значи економски успешна идеја, која се води од непрофитната идеја уште од нејзиното основање.

    Групациски резултат 2019 2020
    Вкупен биланс на состојба 17.197 18.537
    Резултат за периодот по оданочување 197 80
    Поврат на капиталот по оданочување 11,3 % 4,3 %
    Коефициент трошоци/ приходи 53,8 % 57,3 %
    Капитал 1.825 1.868

    (во милиони евра)

    Резултат за периодот по оданочување 80 милиони евра                                        

    Профитот за периодот по оданочувањето во 2020 година беше 80 милиони евра и падна за 59% во споредба со претходната година. Како резултат на пандемијата, најголемите фактори што влијаеја беа: повисоките провизии за ризиците, проценетите резултати на малцинските сопствености и намалените заработки од подружничките банки. Вкупните средства на Групацијата се искачија на 18,5 милијарди евра. Како матична компанија, Штаермеркише Шпаркасе, со вкупна актива од 16,5 милијарди евра, како и претходните години, има најголем удел во вкупната актива на Групацијата. Оперативниот резултат изнесуваше 205 милиони евра. Во 2020, основната стапка на капитал во Групацијата се зголеми на 19,5% и коефициентот на адекватност на капиталот се зголеми на 21,3%. Ова значи дека Штаермеркише Шпаркасе делува на високо меѓународно ниво. Капиталот на Групацијата изнесуваше 1,8 милијарди евра на крајот на 2020 година, што претставува зголемување во споредба со 2019 година.

    Зголемување на бројот на нови клиенти во година со предизвици   

     Во 2020 година, Штаермеркише Шпаркасе Групацијата започна да опслужува повеќе од 800.000 клиенти за првпат, докажувајќи дека е сигурен, стабилен партнер во Штаерска, Виена, Босна и Херцеговина и во Северна Македонија. Само во Штаерска, во 2020 година, добивме над 26.000 нови клиенти.

    Штаермеркише Шпаркасе Групацијата (вклучувајќи ги Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора) опслужува вкупно 2,6 милиони клиенти.

    Состојби со ризиците во однос на ковид-19 

    Земајќи ја предвид неизвесноста на ситуацијата, беа формирани резервации за ризиците во износ од 82,4 милиони евра. NPЕ стапката (Коефициентот на вкупната изложеност на нефункционални кредити) изнесува 1,98% – сè уште на компаративно добро ниво. Меѓу другото, ова беше овозможено и со помош на ослободувањата од страна на државата. Коефициентот на покриеност на нефункционалните кредити – NPL стапката (резервации за ризик како процент на побарувања од клиентите) изнесува 77,62%, што претставува јасно зголемување. Ова значи дека Штаермеркише Шпаркасе е добро подготвена за да се соочи со предизвиците во следните години.

     Австрија: 7,5 милијарди евра во корпоративното финансирање – раст од 6%

    Нашата подготвеност да им ја обезбедиме на нашите клиенти потребната ликвидност дури и при првото ограничување на движењето, ни помогна да постигнеме нов обем на инвестициски кредити во износ од над 1.350 милиони евра. Преку целата фискална 2020 година, на компаниите од Штаерска им беа доделени повисоки лимити, одложувања и рефинансирања поврзани со ковид-19 во износ од над 500 милиони евра.

    Инвестициското финансирање кое не е поврзано со ковид-19, изнесуваше повеќе од 963 милиони евра, што покажува дека нашите клиенти и Штаермеркише Шпаркасе како нивен финансиски партнер веруваат дека ќе има економски пресврт, започнувајќи од вториот квартал од 2021 година и дека треба да бидеме подготвени за тоа.

    Севкупно гледано, краткотрајните кредити и инвестициите во економскиот развој доведоа до натпросечен раст на финансирањето на компаниите од 6%. Одобрени се вкупно 1.615 грантови за мали и средни компании. Додека и обемот на финансирање на субвенционираните кредити е за 160% поголем од ланскиот.

    За среќа, успеавме да придобиеме речиси 2.000 нови корпоративни клиенти во ова тешко опкружување, и Штаермеркише Шпаркасе сега опслужува речиси 30.000 компании: од кои повеќе од половина се мали и средни претпријатија од областа Штаерска.

    Австрија: Зголемување на работењето со физички лица

     Во делот на финансирање на физичките лица, Штаермеркише Шпаркасе забележа финансиски обем на рефинансирање од 654 милиони евра, што е за околу 80 милиони евра повеќе од минатата година.

    Во 2020 година, штедните влогови во Групацијата исто така се развија позитивно и се зголемија за 250 милиони евра до приближно 7,4 милијарди евра. И покрај пониските камати, тие сепак се многу популарни и претставуваат сигурност и брза достапност.

    Освен тоа, беа склучени повеќе од 21.500 нови кредитни договори за градење и над 5.000 нови финансиски планови беа склучени во текот на изминатата година. Со над 11.000 нови договори за осигурување и производна вредност од околу 285 милиони евра, деловите за премии, несреќи и ризици беа добро покриени. Како и во претходната година, барањата на клиентите беа доста насочени кон пензиско осигурување и осигурување од несреќи.

    Резултатите од провизиите за хартии од вредност се искачија на 33 милиони евра, а обемот на сметки на клиенти за хартии од вредност управувани од Штаермеркише Шпаркасе изнесува околу 3,9 милијарди евра. Ова ја потврдува довербата на нашите клиенти и во делот на консултантските услуги на Штаермеркише Шпаркасе.

    Над 23.000 нови трансакциски сметки ја истакнуваат важноста на регионалната банка за платежни трансакции во регионот.

    Со продажба на околу 7.000 кредитни картички, се проширија плаќањата со бесконтактните и безготовински плаќања. Со речиси 70% корисници на „George“, 

    Југоисточна Европа: ковид-19 влијае врз резултатот во ЈИЕ

    Шпаркасе Банка Македонија генерираше добивка од 4,6 милиони евра, која беше значително над планираните резултати. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 9,8%, а коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) беше намален на посакуваните 56%. Приспособувањата на повисоката вредност беа неутрализирани со решавање поголеми проблеми.

    Дополнителните трошоци што настанаа како резултат на подготовките за спојувањето со Охридска банка и преземањето мерки во врска со ковид-19 беа неутрализирани со заштеди кај материјалните трошоци. Потрошувачките кредити растеа со стапка од 10,1%, а депозитите на клиентите со стапка од 3,2%.

    Охридска банка во Северна Македонија, која беше преземена во ноември 2019 година, генерираше добивка од 4,8 милиони евра, што е помалку од планираното. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 6,4%, а коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) беше намален на посакуваните 49,4%. Како резултат на ковид-19, приходите останаа пониски од планираните и не можеа да се надоместат со заштеди кај материјалните трошоци. Потрошувачките кредити растеа со стапка 6,4%, а депозитите на клиентите со 1,6%. Проектот за спојување на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка продолжува и покрај влијанието на ковид-19. Спојувањето се очекува да биде завршено во 2021 година.

    Шпаркасе Банка Босна и Херцеговина генерираше добивка од 5,3 милиони евра – значително помалку од резултатот во минатата година – како резултат на пониските каматни стапки и поголемите приспособувања на вредностите. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 4,5%, додека коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) 61,9%. Вкупниот биланс на состојба е зголемен за 8,5% на 878 милиони евра. Споредено со претходната година, потрошувачките кредити успешно се зголемени за 6,4%, а депозитите на клиентите за 10,9% во претходната финансиска година.

    Ерсте и Штаермеркише Банка во Хрватска генерираше подгрупациски резултат од 61 милион евра, што е помалку од планираното. Поради ковид-19 пандемијата и нејзиниот удар врз хрватската економија (особено врз туризмот), резервите за ризик и приходите можеа само делумно да се компензираат со заштеди кај трошоците. Потрошувачките кредити се зголемија за 8,2%, а депозитите на клиентите за 15,4%, споредбено со претходната година. Вкупниот биланс на состојба изнесуваше 10,9 милијарди евра (+ 10%). Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 4,6% со стапка на коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 53,7%.

    Ерсте Банка во Србија генерираше резултат за периодот од 11,8 милиони евра, што претставува надминување од 4,6 милиони евра над буџетот. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 4,3%, а стапката на коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 67,2%. Поради ефектите од ковид-19, Ерсте банка мораше да направи поголеми приспособувања на вредностите отколку предвидените во буџетот. Добредојденото надминување беше постигнато со строго управување со административните трошоци. Растот на потрошувачките кредити изнесуваше 16,8% и депозитите на клиентите од 38,3%. Вкупниот биланс на состојба значително беше зголемен за 23,7% и изнесуваше 2,6 милијарди евра.

    Ерсте Банка во Црна Гора генерираше годишни резултати од 5,1 милиони евра, што е значително помалку од планираното. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 5,5%, а стапката на коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 58,1%. Растот на кредитите изнесуваше 9,9% во однос на претходната година. Депозитите на клиентите се зголемија за 3%.

    Банка Шпаркасе во Словенија генерираше периодичен резултат од 3 милиони евра, што е малку под буџетот. Поради ковид-19, растот на кредитите беше послаб од очекуваното. Но, сепак потрошувачките кредити се зголемија за 3,1%, а депозитите на клиентите се зголемија за 6,1% во споредба со претходната година. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 2,5%, а стапката на коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 69,4%.

     Компаниите за лизинг на возила во Југоисточна Европа финансираа подвижни средства и моторни возила и во моментов управуваат со вкупна изложеност од 695 милиони евра. Поради ковид-19 се направени поголеми приспособувања на вредностите отколку што беше буџетирано, а добивката по оданочување изнесуваше 5,7 милиони евра – помалку од планираниот резултат. Резултатите од стратешкото учество на проширениот домашен пазар ја потврдуваат стабилноста и долгорочната деловна стратегија на Штаермеркише Шпаркасе.

    Вработени и локации

    На крајот на 2020 година, во Штаермеркише Шпаркасе Групацијата работеа 3.044* вработени на 254 локации во Штаерска, Виена, Босна и Херцеговина и во Северна Македонија.

    Бројот на вработени во Штаермеркише Шпаркасе Групацијата (вклучено Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора) изнесуваше 8.887* на 503 локации.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично