ПОВЕЌЕ

    Средба Димитриеска Кочоска – Славески: МФ и НБРМ остануваат посветени на координација помеѓу фискалната и монетарната политика

    Време зa читање: < 1 минутa

    Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на која беа разменети мислења за спроведувањето на фискалната и монетарната политика и за одржување на стабилноста на финансискиот систем. Средбата е дел од континуираната координација помеѓу фискалната и монетарната власт.

    Mинистерката се осврна на законската рамка со којашто се регулира работењето на финансискиот систем, посочувајќи дека е важно одржувањето на неговата стабилностдодека гувернерот, од своја страна, посочи на мерките што ги презема монетарната власт.

    Димитриеска-Кочоска и Славески се осврнаа и на состојбите на глобално ниво. На средбата беше истакната важноста на континуираната координација помеѓу фискалната и монетарната политика, при што беше заеднички констатирано дека состојбата на домашната економија е стабилна, додека институциите продолжуваат внимателно да ги следат надворешните ризици и нивното потенцијално влијание врз макроекономските индикатори.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично