ПОВЕЌЕ

    Србија изработи и стави на јавен увид просторен план за двонасочен гасовод со Македонија

    Време зa читање: 2 минути

    Во Србија е изработен и ставен на јавен увид планот за изградба на двонасочен гасовод долг 146 километри, кој ќе обезбеди меѓусебно поврзување со гасоводниот систем на Македонија и предуслови за гасификација на градовите и општините во јужна Србија.

    Српското министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура го стави на ран јавен увид просторниот план за посебна намена со елементи на детална регулација за магистрален гасовод МГ 14 Грч Орљане-Лесковац-Врање-граница со Република Северна Македонија, информира бизнис порталот еКапија.

    Според документот што го подготви Институтот за архитектура и урбанизам на Србија, гасоводот ќе биде долг 146 километри.

    Главната цел на креирањето на просторниот план е изградба на магистрален гасовод за јужна Србија, кој ќе обезбеди меѓусебно поврзување со гасоводниот систем на Република Северна Македонија и предуслови за гасификација на градовите и општините во јужна Србија, јавува МИА. Положбата на коридорот на планираниот гасовод е таква што се избегнува минување низ густо населените места. Меѓу поголемите населби во непосредна близина на коридорот се Дољевац, Врањска Бања, Врање и Бујановац.

    Линеарниот дел од двонасочниот магистрален гасовод МГ14 е планиран како едноцевен систем кој е целосно поставен под земја.

    Гасоводот ќе се поврзе со постојниот главен дистрибутивен јазол (ГРЧ) „Орљане“ кој се наоѓа југозападно од населбата Орљане во општина Дољевац, а крајот на гасоводот е интерконекција на гасоводот на граница на Република Србија и Република Северна Македонија.

    Планираниот гасовод е со максимален работен притисок до MOP=55bar и треба да биде изведен од челични цевки со пречник од DN500.

    Составен дел на идниот гасовод ќе се состои од две главни мерно регулациони станици – ГМРС „Владичин Хан“ и ГМРС „Врање“, како и 6 блок станици и други потребни објекти и инсталации.

    Гасната интерконекција на Србија со Северна Македонија договорена е во 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично