ПОВЕЌЕ

    Solutionade ги отвори вратите на своите нови канцеларии

    Време зa читање: 3 минути

    Компанијата Solutionade, еден од водечките партнери за Microsoft Dynamics 365 решенија во регионот, свечено ги отвори своите нови канцеларии во центарот на Скопје.

    Настанот беше проследен со присуство на деловни партнери, клиенти и пријатели на компанијата, кои заедно го одбележаа овој значаен чекор во растот и развојот на Solutionade.

    Свеченото отворање започна со прием на гостите, по што следуваше демо презентација на иновативните производи развиени од тимот на Solutionade. Присутните имаа можност одблиску да се запознаат со најновите решенија кои компанијата ги нуди на глобалниот и домашниот пазар, насочени кон подобрување на ефикасноста, продуктивноста и дигиталната трансформација на бизнисите.

    Посебно внимание привлече еден од неодамна лансираните производи на Solutionade, „БизЛинкс“.

    БизЛинкс или Business Central на македонски јазик е „cloud“ платформа наменета за дигитално управување со финансиските процеси во малите и средни компании. Платформата претставува целосно локализирано решение (адаптирано на македонски јазик) што им овозможува на бизнисите едноставно фактурирање, сметководствено работење и следење на финансиските текови, со цел зголемена ефикасност, транспарентност и усогласеност со домашните регулативи.

    Во своето официјално обраќање, извршниот директор Бојан Борисовски истакна дека новите канцеларии претставуваат симбол на континуираниот раст на компанијата и посветеноста на тимот кон иновации и квалитет:

    “Нашиот тим е двигателот на успехот на Solutionade. Новите канцеларии се значајно достигнување во нашиот развој, создадени како инспиративна и современа средина каде ќе продолжиме да ја градиме иднината на дигиталните решенија, не само за нашиот регион, туку и за глобалниот пазар.”

    Настанот продолжи во неформална атмосфера со коктел забава и музика, каде гостите уживаа во можноста за вмрежување и дружење со тимот на Solutionade.

    Со ова отворање, Solutionade го потврдува своето место како една од најбрзорастечките ИТ компании во регионот, посветена на создавање иновативни решенија во областа на Microsoft Dynamics 365, Power Platform и Business Central.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично