ПОВЕЌЕ

    СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ затвора 600 филијали во Франција

    Време зa читање: < 1 минутa

    Француската банка „Societe Generale” ја спојува својата главна мрежа на банки со мрежата на нејзината филијала Crédit du Nord како би ги намалила трошоците до 2024 година.

    Ова ќе доведе до затворање на 600 филијали на „Societe Generale” во Франција.

    „Societe Generale” сака да ги намали трошоците откако пријави загуба од над 1,2 милијарди долари во првите шест месеци од оваа година.

    Традиционалниот банкарски сектор претрпува големи промени во светот како резултат на намалената побарувачка за лични услуги во филијалите, како и поради тивката конкуренцијата од новите таканаречени „финтек“ компании кои преземаат дел од пазарот во оваа индустрија.

    „Societe Generale” објави дека планира да има 1.500 подружници до крајот на 2025 година од сегашните 2.100.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично