ПОВЕЌЕ

    Social Day во Комерцијална банка – банкарското работење го доближуваме до младите

    Време зa читање: 2 минути

    И оваа година, на наше огромно задоволство, 11 средношколци од Скопје и од Битола еден училишен ден заменија со работа во Комерцијална банка. Како поддржувачи и на годинашното издание на проектот „Social Day“, им овозможивме на младите да научат како функционираат дигиталните банкарски услуги и зошто се од корист за клиентите.

    Препознавајќи ја потребата од дополнително образование на младите, покрај редовното, Комерцијална банка втора година по ред е партнер на настанот „Social Day“ во земјава, во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“. На овој ден средношколци заменуваат еден ден на училиште со работа во компанија која тие ја бираат и за што заработуваат дневница, која потоа ја донираат за формирање младински фонд за поддршка на младински проекти.

    Во „Social Day“ препознаваме можност да го дадеме својот придонес за создавање образовани, одговорни и амбициозни млади луѓе кои ќе можат полесно и поуспешно да го трасираат својот иден кариерен развој, велат од Комерцијална банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично