Душан Пецовски ја зголемува сопственоста во „Реплек“, фармацевтската куќа со која раководи како генерален директор и претседател на Управниот одбор, соопштија од компанијата.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македоснска берза АД Скопје, Реплек АД објавува дека акционер со над 5%, претседателот на Управен одбор Пецовски Душан се стекна со нови 3 акции, со што поседува вкупно 3.125 или 12,06% од вкупниот број на акции“.
Во објавата е наведенодека и Коста Котески, кој исто така е член на Управниот одбор, купил две нови акции. Со тоа сега поседува вкупно 26 обични акции.
Душан Пецовски е најголемиот поединечен акционер во „Реплек“. Како што пишува на веб-страницата од компанијата, на работното место го инспирираат предизвиците, можноста за раст, вредностите што се создаваат…, што се согледува и во постигнувањата на компанијата. Минатата година се остварени приходи од продажбата во сегментот фармација во износ од над 25 милиони евра. Со акцент на странските пазари од каде што доаѓаат најголемиот дел од приливите, каде што е забележано зголемување од 43 проценти.