ПОВЕЌЕ

    Со нов инвестициски циклус ТИТАН Усје го одбележува 70-годишниот јубилеј

    Време зa читање: 3 минути

    Со нов инвестициски циклус во дигитализација на процесите, имплементација на модели базирани на вештачка интелигенција и нови производи по највисоките еколошки стандарди, ТИТАН Усје ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј. Само во следниот период до 2030 година инвестициите во овие сегменти ќе надминат 50 милиони евра, со што дополнително ќе се поттикне развојот.

    Како дел од интернационалната групација Титан, компанијата ги имплементира највисоките стандарди во индустријата на градежни материјали. Брза имплементација на напредна технологија и употреба на вештачка интелигенција е дел од стратегијата на групацијата и истата се спроведува во сите нејзини компании.

    „Овој значаен јубилеј за нашата компанија, но и за заедницата, го одбележуваме со најава на многу активности поддржани со сериозни инвестиции, бидејќи ние продолжуваме да ја градиме иднината на нашата компанија. Брзите промени во светот бараат посветеност и континуитет, а ние сме целосно посветени на овие процеси кои за ТИТАН Усје значат трансформација и модернизација. Нашите вработени се основата на нашето работење и во насока на подобрување на условите за работа, реализираме низа програми. Како нераскинлив дел од заедницата, УСЈЕ со еднакво внимание иницира и поддржува активности кои се од јавен интерес. Ние во рамките на групацијата делиме заеднички вредности- поаѓајки од грижата и посветеноста, смело се соочувме со предизвици, градиме трајни вредности и го одржуваме зборот преку доследно дејствување. Овие вредности не се само генерални принципи што ги почитуваме, туку ја претставуваат нашата суштина, нашата култура и го дефинира начинот на кој работиме. Посветено продолжуваме да работиме во правец на креирање на развој и просперитет “, истакна Константинос Николаоу главен извршен директор на ТИТАН Усје.

    Декарбонизацијата е една од клучните области каде ТИТАН Усје има постигнато значителен напредок. Имено, компанијата е прва во инсталирање на капацитети за употреба на алтернативни горива за енергија, со што значително се намалија емисиите на CO₂. Покрај тоа неодамна беше пуштена во употреба и фотоволтаична централа, со што емисиите на CO₂ се намалија за над 10 %. Едно од клучните достигнувања е развојот на автономен систем за оптимизација на производството во реално време, преку што значително се зголеми ефикасноста на производството, се намали потрошувачката на енергија и се подобри квалитетот на производите.

    Во изминатите децении ТИТАН Усје во континуитет работеше на поддршка и развој на заедницата. Во проекти од областа на заштитата на животната средина, образованието, како и соработка со академската заедница, досега се инвестирани 950.000 евра. Преку најновиот проект на ТИТАН Усје „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“, за само неколку месеци, над 200 ученици од основните училишта од општината Кисела Вода поминаа обука за 3Д печатење.

    ТИТАН Усје продолжува да соработува со сите свои партнери во насока на креирање развој.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично