Од пет работни, Македонска берза четири дена информираше за реализирани нетрговски трансфери на акции, податоци со кои располага Централниот депозитар за хартии од вредност. Десеттина домашни компании на овој начин пренеле дел од сопствените хартии од вредност на друг сопственик. Според пропозициите, како подарок, наследство, можеби со судска одлука или спроведување на договор за залог.
Првопласираната објава со ваква содржина се однесуваше за прилепскиот Тутунски комбинат, од кој се преземени 117 обични акции. Трансферот се случил на крајот од минатата работна недела.
Оваа седмица, пак, започна со десет нетрговски преноси на акции. Најголем број обични акции – 1.182, се трансферирани од скопски „Макстил“. Најмалку, односно три, од најголемата македонска банка, Комерцијална банка.
Со нетрговски трансфер градежната компанија „Гранит“ отстапила 220 обични акции, РЖ „Интер-Трансшпед“ – 22, „Либерти“ – 150, „Оилко КДА“ – 220, тетовски „Тетекс“ – 259, фармацевтската компанија „Алкалоид“ – 68 и „Уготур“ 23 обични акции.
Исто така, и кај скопската Стопанска банка имала ваков пренос, но во случајот се работи за девет приоритетни акции.
Во средата нетрговски трансфер е извршен со акциите на две котирани друштва. Станува збор за 117 обични акции на „Алкалоид“ и 97 на Тутунскиот комбинат од Прилеп.
Последната информација на Македонска берза се однесува на ФЗЦ „11 Октомври“ и на „Витаминка“. Од кумановската компанија се преземени 114, а од прилепската 26 обични акции.
Се на се, преку нетрговските трансфери минале 2.618 обични и девет приоритени акции од 11 компании и две банки.
М.А.