ПОВЕЌЕ

    Со најголем раст и пад акциите на Жито Лукс и на Фруктал Мак

    Време зa читање: 2 минути

    Со месечната промена од позитивни 20,39 насто, пекарската акција на Жито Лукс е предводник на берзанската табела што ги рангира хартиите од вредност кои оствариле најголем раст. На 31 јули просечната цена изнесувала 103 денари, а на 29 август достигнала 124 денари.

    Во реален износ акцијата на Адинг добила дополнителни 184 денари, а процентуално зајакнала за 8,68 насто. Притоа, при крајот на минатиот месец имала просечна вредност од 2.300 денари.

    На средината од табелата е Македонијатурист, чија акција ги надминала јулските 10.000 денари и августовскиот просек е 10.500 денари. Напредокот се мери со плус пет проценти.

    Просечната цена на акцијата издадена од Реплек е повисока за 698 денари. На 29 август чинела 15.500 денари, што претставува раст од 4,71 насто.

    На оваа берзанска листа петтото место е на акцијата од Гранит, обезбедено со зголемувањето за 2,87 проценти. Просечната цена за август е 1.790 денари, додека јулската била 1.740 денари.

    Меѓу акциите рангирани според најголемото процентуално опаѓање, двоцифрен е единствено минусот на Фруктал МАК. Просекот се спуштил од 119 денари во јули на 100 денари во август, ила за 15,97 отсто.

    Следна е ТТК банка со -6,99 отсто. Тоа кај просечната цена се одразило со месечната разлика од 123 денари. Од јулските 1.756 денари на 1.633,33 денари во август/

    Веднаш по оваа банка е акцијата на нејзиниот најголем акционер Тетекс од Тетово, која опаднала за 5,25 проценти и минатиот месец го завршила со просек од 2.328 денари (2.457 денари – јули).

    Во ова друштво е и приоритетната акција на Стопанска банка Скопје, која има месечна загуба од три проценти. Со тоа, од претходните 800 се намалила на 776 денари.

    Негативната листа за август се заокружува со акцијата на Раде Кончар-Апаратна Техника. Во јули имала просечна цена од 2.500, а во август од 2.430 денари, пониска за 2,80 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично