
„Браќа Манаки” е фестивал што повеќе од четири децении ја слави уметноста на филмската камера и визијата на најистакнатите кинематографери од светот. Поддршката на MINT претставува јасна порака дека компанијата е посветена на културата, заедницата и приказните што траат.
„За нас е голема чест што сме дел од еден од најзначајните фестивали во регионот. Вредностите што ги носи ‘Браќа Манаки’ – креативност, визија и континуитет … се вредности со кои и самите се идентификуваме. Веруваме дека вистинските приказни, било на филм или во бизнис, никогаш не се црно-бели – тие се полни со живот, со боја и со инспирација,” – изјавија од Mint Fintech Group.
Со оваа соработка, Mint Fintech Group уште еднаш ја покажува својата определба да биде дел од најзначајните настани кои ја обликуваат културната сцена на Македонија и пошироко.