Бурниот ветер и снегот денеска го отежнуваат сообраќајот во Хрватска, дел од земјата е покриен со снег, а ураганско невреме го вклучи алармот за временска прогноза, додека затворен е и дел од патот А1, пишува хрватскиот Вечерњи.
Во делови на Хрватска денеска е активиран црвен метео тревог поради силно невреме на брегот и удари на ветер до 185 километри на час.
Црвено предупредување е активирано во Кварнер, каналот Велебит и подрачјето на Централна Далмација , каде се очекува силно невреме со ветрови со урагански сили.
Хрватскиот државен хидрометеоролошки завод, исто така, предупреди на можни штети по инфраструктурата и здравствени опасности од ваквото невреме.
Истовремено, големо количество снег наврна и во Лика, каде се очекува температурите во текот на денот да бидат меѓу нула и четири степени.
Бурниот ветер и снегот веќе неколку дена го отежнуваат сообраќајот во Хрватска, дел од земјата е покриен со снег, а ураганските ветрови го активираат метеоролошкиот аларм.
Поради бурен ветер и снег затворени се за сообраќај многу автопати и магистрали,а прекинати се и траектни линии.