Министерот за труд на Словенија, Јанез Циглер, по денешната средба со претставниците на словенечките синдикати објави дека годинава минималната плата ќе се зголеми од сегашните 941 на 1.024 евра бруто.
Ова се смета за втора најважна од осумте мерки во законот за економска помош за време на епидемијата на корона вирусот во Словенија, пренесува СТА.
Новата формула за пресметување на минималната загарантирана плата во Словенија предвидува дека таа мора да биде најмалку 20, но не повеќе од 40 проценти над минималните трошоци за живот.
Синдикатите не се задоволни од ваквиот пристап на владата, а претседателот на ПЕРГАМ, Конфедерацијата на словенечки синдикати, Јакоб Почивавжек, предупредува дека зголемувањето не вклучува реални зголемувања на трошоците за живот од 2017 година, кога последен пат беа пресметани таквите трошоци.