Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, одговори на наводите што ги изнесе СДСМ за српската Алта банка. Притоа, тој беше споменат како фактор кој наводно ја одобрил зделката, а се мисли на преземањето на Стопанска банка Битола.
На Социјалната мрежа Икс, тој напиша:
„СДСМ прашува: ‘Дали изборот на Трајко Славески на чело на НБРМ беше поради Алта Банка?’
Одговор: Не, не беше!
За клеветите од страна на СДСМ кон банката со седиште во Битола, ги охрабрувам да ги преземат сите расположиви мерки за заштита на својот кредибилитет. Евентуалните приходи од добиените судски спорови најверојатно би ги донирале за поддршка на некој локален спортски клуб“.
Аналитика








