ПОВЕЌЕ

    СЛАБОСТИТЕ НА ИЗВОЗНИОТ СЕКТОР се ограничувачки фактор за националната економија

    Време зa читање: 3 минути

    Извозот е важен фактор за стабилен економски развој и влијае на подобрување на меѓународната конкурентност на земјата.

    Извозот води до поголемо домашно произвпдство, а тоа бара повеќе домашна работна сила. Оттука, извозот доведува до зголемување на вработеноста на државата. Каква е состојбата во Македонија со извезените стоки?

    Според последните податоци од Државен завод за статистика вкупната вредност на извозот на стоки од нашата држава од јануари до август оваа година изнесува 5.190,2 милиона евра и бележи пад од 5,7 отсто во однос на истиот период во 2023 година, додека вредноста на увeзената стока е 7.341,3 милиони евра, што е за 0,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

    А, пак,, трговскиот дефицит е 2.151,2 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз 70,7 отсто.

    Според економските експерти и бизнис секторот, извозот мора да биде еден од приоритетите на државата затоа што тој е единствената алтернатива за одржлив развој бидејќи македонската економија е мала и отворена.
    Искуството на брзорастечеките земји, кои направиле голем прогрес во делот на подобрување на перформансите на извозните компании, укажуваат дека државата е активен чинител. Во таа насока и креирањето сет соодветни политики и мерки, кои ќе бидат во насока на подобрување на перформансите, односно подобрување на економските и бизнис-условите во државата, меѓутоа и директни форми на стимулација и градење одредени алатки кон извозните сектори, можат значително да го забрзаат тој процес на подобрување на извозниот сектор на нашата земја. Во тој контекст, државата има значајна улога во тој.
    Економистите истакнуваат дека треба да се намали увозот на репроматеријали и суровини и да се зголеми нивното домашно производство, бидејќи имаме голема увозна компонента на извозот. Голем дел од извозот е базиран на увоз на суровини и репроматеријали и треба во иднина да работиме како да го супститурираме увозот со производство на домашни компоненти што ќе бидат вградени во производите.

    Податоците на ДЗС покажуваат дека трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица, наведува ДЗС.

    Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, за осум месеции нашата држава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично