ПОВЕЌЕ

    СКСМ најавува конкретни решенија за спречување нови шокови од енергетската криза

    Време зa читање: 2 минути

    За да се избегне уште една енергетска криза која би била фатална и за компаниите и за економијата во целина Стопанската комора набрзо ќе излезе со конкретни решенија. Со цел да да не се дозволи повторен економски шок кај главните носители на домашната економија, СКСМ ќе излезе со предвидувања и решенија кои навремено треба да се преземат, со што превентивно ќе се делува во поглед на можната опаснот.

    Ова е еден од заклучоците што донесен на седниците на Управниот одбор и на Собранието на Стопанската комора, а уследил по презентираните резултатите од спроведената анкета за загубите кои ги претрпеа компаниите членки на Комората во минатогодишната енергетска.

    Конкретните предлог мерки и решенија ќе бидат утврдени на специјалната седница на УО со Македонската енергетска асоцијација (МЕА), закажана за последната недела од месецов.

    УО и Собранието на Комората го усвоија и извештајот за спроведувањето на годишната програма за работа на СКСМ во 2022 година.

    Образложувајќи го извештајот за работата, претседателот Бранко Азески ја оцени годината како турбулентна, со многу предизвици.

    „Еден век стоиме цврсто зад бизнисот, иако зад нас оставаме период со многу турбулентни ситуации, кризи, подеми и падови на економијата во државата, во која компаниите успеваат заедно со Комората да ги премостат овие, во најголем број, непредвидени ситуации. Јубилејната 100 годишнина ја одбележавме на уникатен начин, не со прослави туку со дела, за што потврда е и Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки која досега ја потпишаат поеќе од 150 компании и институциите. Ги зголемивме проектните активности преку кои ги поддржуваме компаниите во унапредувањето на нивното работење со мерливи и конкретни резултати, се воспоставиja и изработија нови дигитални алатки. Денес со сигурност може да кажеме дека значително е зацврстен имиџот на Комората и се наметнуваме и позиционираме како релевантен фактор пред носителите на економските политики, со цел да не би смееле да ја заобиколат Комората за прашања што се важни за нејзините членки и за бизнис заедницата пошироко“, нагласи Азески.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично