Издадени се 304 градежни дозволи во ноември. За 16,9 насто повеќе во однос на истиот период од 2024 година. Најмногу одобренија се доделени и најмногу станови ќе се изградат во Скопскиот Регион, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Освен бројот на дозволите, повисока е и предвидената вредност на објектите. Годишната промена е за 27,1 насто, а се работи за износ од 5.400.888 илјади денари, или за речиси 88 милиони евра.
Од вкупниот број издадени одобренија, 68,4 отсто, односно 208 се наменети за објекти од високоградбата. Потоа 34 (11,2 %) се за нискоградба, а 62 (20,4 %) за објекти за реконструкција. Како инвеститори се јавуваат 162 (53,3 %) физички лица и 142 (46,7 %) деловни субјекти.
Врз основа на дозволите, статистиката вели дека за изградба се предвидени 761 стан со вкупна корисна површина од 67.767 квадратни метри. И тоа, 147 станови ќе се изградат од инвеститори – физички лица, а 614 од фирми. Во Скопскиот Регион се издадени 110 одобренија за градење, а на овој простор ќе се појават 427 нови станови. Најмалку дозволи има за Североисточниот Регион – 9, каде што во план е изградба на три стана.
Аналитика








