ПОВЕЌЕ

    СИТЕ ГОРИВА ПОСКАПУВААТ: Бензините по 5.5 денари, дизелот 10 денари за литар

    Време зa читање: 2 минути

    Пред четири дена, колони од автомобили се создадоа пред бензинските станици, сите чекаат резервоарот со гориво да го наполнат до врв. Дел од нив разочарано коментираа дека на бензинските не им дозволиле да наточат гориво колку планирале, бидејќи според кажувањата на вработените добиле наредба од газдите за ограничување на наточените литри. Иако сето тоа беше исмевано на социјалните мрежи, народно кажано фаќање сеир.. Но вечерва е скроз поинаква сликата.. Оние што наполнија полни резервари па и канти, денеска се среќни и насмеани.

    Во меѓувреме нафтата на светските берза го достигна својот рекорд. Во одреден момент цената на барелот скокна дури и на 139,19 долари.

    На американскиот пазар, пак, со барелот се тркуваше по повисока цена за 7,69 долари, на 123,37 долари, а накусо ја допре вредноста од 130,50 долари.

    Цената на двата пазари во првите неколку минути од утринското тргување скокна за повеќе од 10 долари, на највисокото ниво од јули 2008 година, кога цената на барелот на лондонскиот пазар изнесуваше 147,50, а на американскиот пазар 147,27 долари.

    Регулаторната комисија за енергетика денеска доцна напладне донесе нова повисока цена за горивата која е значително повисока од последната корекција во понеделникот што измина бидејќи берзанските цени директно влијаат и на цените кај нас.

    Од полноќ, бензинот БС-95 поскапува за пет и пол денари по литар, бензинот БС-98 ќе се продава за цена поскапа за пет денари по литар, а најголемо е поскапувањето кај дизелот, чија цена се зголемува за дури десет денари за литар гориво.

    Еве ги новите цени:
    – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,50 (денари/литар)
    – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
    – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)
    – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар)
    – Мазут М-1 НС – 54,319 (денари/килограм)

    Регулаторната комисија денешното поскапување го објави со задоцнување од повеќе од шест часа и наместо напладне, како обично, новите цени ги соопшти по 18 часот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично