ПОВЕЌЕ

    Синлаб доби благодарница за посебни заслуги од Институтот за акредитација

    Време зa читање: 2 минути

    Синлаб лабораторија доби благодарница за посебни заслуги од Институтот за акредитација ИАРСМ, по повод 20 годишниот јубилеј на оваа институција, а како признание за долгогодишната соработка и одржувањето на квалитетот на лабораториските услуги во насока на подобрување на лабораториската дијагностика и зачувување на човековото здравје. Ова признание претставува вреднување на услугите на Синлаб, првата лабораторија во Македонија акредитирана  согласно стандардот ISO 15189, акредитација добиена во 2013 година.

    „Навистина сум почестена што Институтот за акредитација, познат по својата ригорозна евалуација на лабораториските практики, ни ја додели оваа благодарница како признание за нашата исклучителна посветеност на одржување на највисоките стандарди за квалитет, точност и доверливост. Ваквото достигнување ги истакнува колективните напори и стручноста на нашиот медицински тим, што ја прави Синлаб синоним за прецизни анализи и дијагностики и прв избор кај пациентите. Добивањето на оваа посебна благодарница за заслуги нè инспирира да продолжиме да ги поместуваме границите на иновациите и да даваме неспоредлив квалитет во вршење на здравствени услуги“ – истакна М-р Д-р Ана Момировска, менаџер за квалитет и медицински раководител на Синлаб дијагностички лаборатории.

    Појавата на приватната здравствена установа Адриалаб, денес Синлаб, дел од групацијата Синлаб Интернационал ГмбХ со седиште во Германија, еден од најголемите европски провајдери на лабораториски услуги, пред нешто повеќе од две децении, овозможи лабораториските услуги да станат подостапни за пациентите, но и за лекарите во земјава, особено оние во делот на примарната здравствена заштита. Оваа здравствената установа, која е и првата акредитирана медицинска дијагностичка лабораторија во земјава, со четири лаборатории во Скопје и по една во Битола и Тетово опслужува илјадници пациенти и прави милиони анализи што е најдобар показател за големината, но и довербата која ја имаат пациентите во Синлаб.

    Доделувањето на благодарницата беше во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на акредитацијата што се одржа под мотото „Акредитација: Поддршка на иднината на глобалната трговија“. На свеченоста беа врачени сертификатите на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност, во периодот јуни 2022 – јуни 2023 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично