ПОВЕЌЕ

    Силен раст кај инвестициските фондови, пад кај осигурувањето – биланс на ОФИ за крајот на 2025 година

    Време зa читање: 3 минути

    Со износ од 300,6 милијарди денари или 4,88 милијарди евра располагале останатите финансиски институции (ОФИ) во последното тримесечје од минатата година. Во тој период средствата се зголемиле за близу 185 милиони евра. Процентуалниот квартален раст е за 3,9 насто, а годишниот за 17,7 насто.

    Во нивната структура најголем е уделот на средствата доверени во пензиските фондови, од 64,4 проценти, а со 14,1 процент следуваат осигурителните друштва. Помало позитивно влијание имаат и останатите потсектори, со исклучок на осигурителните друштва, каде што е забележан пад на средствата, наведуваат од Народната банка.

    Најголемиот дел од средствата се вложени во должнички (50,8 %) и во сопственички хартии од вредност (26,6 %). Најголемиот дел од обврските, пак, се однесуваат на техничките резерви на осигурувањето (51,7 %) и на капиталните сметки (38,7 %).

    Учеството на останатите финансиски институции учествуваат во средствата на финансиските институции е 21,8 проценти.

    Соодветно на најголемата процентуална застапеност, во ОФИ со најмногу средства доминираат пензиските фондови3,15 милијарди евра. Сранува збор за задолжителните и доброволните фондови, чиј квартален раст е 3,9 насто, а годишниот за 15,7 насто. Таквите промени првенствено произлегуваат од повисоките вложувања во должнички и во сопственички хартии од вредност.

    Осигурителните друштва се единствениот потсектор што бележи квартална негатива од 0,5 отсто. Износот на вкупните средства е 689,8 милиони евра. Падот е генериран под влијание на „намалувањето на техничките резерви на осигурувањето и останатите побарувања, при намалување и на валутите и депозитите и побарувањата врз основа на кредити, во услови на забележан раст кај останатите инструменти“, посочуваат од НБРСМ. Сепак, во однос на четвртиот квартал од 2024 година, средствата се повисоки за 13,2 насто.

    Инвестициските фондови годината ја завршиле со 488,3 милиони евра. Во последниот квартал оствариле раст од 10,8 проценти, додека на годишна основа се регистрирани плус 38,6 проценти. Тоа, во најголем дел е одраз на вложувањата во сопственички хартии од вредност и зголемувањето на валутите и депозитите.

    Се зголемуваат и средствата на финансиските друштва – за 1,4 насто во период од три месеци, а за 20,9 насто за една година. Достигнато е ниво од 245,5 милиони евра. Најголемиот дел од нив се побарувања од исплатени кредити, кои на крајот на декември се во износ од 207,56 милиони евра. Нивниот квартален раст е 0,6 насто, а годишниот 20,3 насто.

    Во четвртиот квартал, вкупните средства на друштвата даватели на финансиски лизинг се 265,9 милиони евра. Проследени се со квартално и годишно зголемување од 6,1, односно од 20 насто. И овде најголемиот дел од средствата се кредитни побарувања. Кредитите достигнале сума од 202,8 милиони евра и се повисоки за 5,5 насто на квартално и за 20,9 насто на годишно ниво.

    Кај друштвата за управување со пензиските и инвестициските фондови има 49,5 милиони евра. Во текот на последното тримесечје се зголемиле за 6,6 насто, пред се како резултат на зголемените вложувања во должнички хартии од вредност и останати побарувања. На годишна основа растот е 10,9 насто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично