ПОВЕЌЕ

    Што е инфомедија, а што подкаст без зборови… конференцијата „ReThink: Decoding Misinformation“ ги дава одговорите

    Време зa читање: 3 минути

    Инфомедијата е метафора која опишува како дезинформацијата може брзо да се шири од човек до човек, и како вирусно заболување може да влијае на нив, нивните одлуки и постапки“, рече Жизел Бејкер, потпретседателка на компанијата Филип Морис Интернешнел за соработка со научната заедница, на втората по ред конференција Горлив проблем, на која беше опфатена темата – Rethink: Decoding Misinformation

    „Значењето на таквите (дез)информации е посебно големо кога ќе го земеме предвид фактот дека врз основа на нив луѓето донесуваат одлуки важни за нивното здравје. Ние во Филип Морис сакаме да влијаеме на повеќе од милијарда пушачи ширум светот да престанат да пушат, или да пронајдат алтернативни, помалку штетни решенија. Во таа мисија, неопходно е луѓето да добиваат научно потковани и точни информации, врз основа на кои ќе донесат информирани одлуки кои позитивно ќе влијаат на нивното здравје“, истакна Бејкер.

    Како конкретен пример, Жизел Бејкер го наведе фактот дека никотинот, чадот од тутунот, пушењето и цигарите се поими кои се целосно испреплетени во главите на поголем дел од луѓето, што е погрешна перцепција која потекнува од пред дваесетина години, кога единствен начин да се користи никотин беше палењето цигара и неговото вдишување низ чадот од тутунот. Денес знаеме дека таа перцепција е погрешна и дека постојат подобри решенија.

    „Сите сме свесни дека никотинот предизвикува зависност и не е ослободен од ризик, но научно е докажано дека никотинот не е главна причина за болестите поврзани со пушењето. Главниот проблем е тутунскиот чад, кој настанува како последица на согорување на тутунот. Поради тоа е важно на луѓето да им се понудат алтернативни, помалку штетни производи, бидејќи науката и иновациите се дел од многуте резлични решенија за овој проблем – како да се користи никотинот, без внесување на поголем дел од останатите штетни материи кои со себе ги носат класичните цигари“, изјави Бејкер, обраќајќи им се на претставниците на експертската јавност, медумите и учесниците во проектот Горлив проблем, на конференцијата одржана во Црна Гора.

    „Четири приказни за уметничка пакост“ беше името сесијата, која ја водеше Стив Чепмен, мислител, писател, уметник, чии ликовни дела и концептуални проекти се претставени на седумте континенти (вклучувајќи го Антарктикот). Стив направи 100 епизоди на подкаст без зборови, анти Ted Talk, на кој зборуваат луѓе кои не се експерти во таа област, организираше читачки клубови на книги кои никогаш не се напишани… И што е заедничко за овие потфати? Привлекоа големо внимание на јавноста и ја „свртеа реалноста наопаку“, со главна цел да го истакнат значењето на иновативниот начин на размислување во сите сфери на животот. „Пред се, важно е да почнете кога се уште не сте подготвени, да се охрабрите да ја свртите реалноста и да ги измените постоечките платформи низ пронаоѓањето на алтернативни, средни патишта, а сето тоа „танцувајќи“ со пречките на патот кон иновацијата“, нагласи Чепмен.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично