Успешно завршија 25-те сребрени Банкарски спортски игри во Охрид, со најголем број тимови и учесници досега. Во текот на двата активни дена, натпреварувачите ги одмерија своите потенцијали и сили во 18 дисциплини, во добра и професионална организација и услови. Доделени се златни, сребрени и бронзени трофеи на најдобрите екипи, со финално прогласување на годинашен севкупен победник Халк банка АД Скопје.
Имаше победи и порази, игра, спорт и забава, имаше истрајност и борба за својот тим и својата институција, некои се закитија со трофеи, некои стекнаа нови искуства и можност да се надградат за следната година и да постигнат подобри резултати. На овие игри се докажа во спортски и тимски дух дека СФОМ е повеќе од Синдикат.
Тоа е заедница во која различни субјекти, банки, институции, регулатори слават со добри навики, позитивни мисли и посилен потенцијал и тоа го пренесуваат и во својата работна средина. Доказ за тоа е и силната поддршка на управните и извршните одбори и раководствата на банките и институциите на своите вработени преку инвестирање и присуство на игрите, каде активно ги поддржуваа и бодреа своите тимови.
Банкарските спортски игри на СФОМ уште еднаш докажаа дека е потребно да се гради добра соработка меѓу синдикатите и работодавачите, преку спортски, општествени и социјални настани, заедничка организација и поддршка, што се одразува позитивно и во деловните перформанси и угледот на институциите.