Продажбата на нови автомобили со мотори на внатрешно согорување мора да заврши до 2035 година, а сите идни проекти за истражување и експлоатација на фосилните горива мора да бидат запрени веднаш, така што светот ќе може да постигне нула емисии на јаглерод до 2050 година и да го ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови.
Во посебниот извештај на IEA осмислен да ги подготви и информира учесниците на климатскиот самит на ООН COP26 во Глазгов, кој е закажан за ноември, предвидува „остар пад на побарувачката за фосилни горива“ во следните три децении, како и краен рок за 2040 година да глобалниот енергетски сектор постигне неутралност на јаглерод дисоксид.
ИЕА повика на брзо и големо зголемување на инвестициите и капацитетот во обновлива енергија, што би било од корист за развојот, богатството и здравјето на луѓето. Извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол изјави дека патоказот претставен во извештајот покажа дека патот до нулта емисии на јаглерод диоксид до 2050 година е „тесна, но сепак остварлива“ цел.
„Размерот и брзината на напорот што ги бара оваа критична и импресивна цел, што е наша најдобра шанса да се избориме со климатските промени и да го ограничиме глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, е можеби најголемиот предизвик со кој се соочило човештвото“, рече Бирол. Тој изјави дека е неопходен „историски пораст на инвестициите“, што според него, ќе овозможи раст на глобалниот БДП за 0,4 проценти годишно.
Извештајот содржи прецизни резултати за постигнување неутралност на јаглерод до средината на векот, вклучувајќи напомена дека “ниедна нова нафта и гас што не се одобрени за развој“ не треба да биде покрената надвор од веќе идентификуваните проекти во 2021 година.