Најостро ја осудуваме денешната прес-конференција на СДСМ и изнесените невистини и манипулативни наводи, кои се во целосна спротивност со јавните заложби на оваа партија за привлекување нови инвестиции и унапредување на регионалната соработка. Зачудувачки е што токму СДСМ, партија која претендира да биде сериозен политички фактор, си дозволува да пласира неосновани и неточни информации за субјект од банкарскиот сектор, со што внесува несигурност во банкарскиот систем, а со тоа директно ја доведува во прашање сопствената политичка одговорност и кредибилите, се вели во реакцијата од Стопанска банка Биттола по прес-конференцијата на Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ.
„Дополнително, зачудувачки е тоа што СДСМ ги изнесува истите ставови кои во изминатиот период ги застапуваше нивниот долгогодишен политички партнер ДУИ.
АЛТА Банка АД Белград е една од најзначајните членки на АЛТА групацијата и една од најиновативните финансиски институции во Србија. Таа е значаен финансиски актер која покрај инвестицијата во Македонија, бележи и неколку веќе реализирани инвестиции во регионот.
АЛТА банка во континуитет има исклучителни деловни резултати и силен раст, а во 2024 година доби награда за најбрзо растечка и најиновативна банка во Република Србија. Стопанска банка АД Битола е горда што добива сериозен и стабилен стратешки партнер, што претставува позитивен чекор за банкарскиот сектор и за економијата во целина. Доколку СДСМ јавно не се извини за изнесените невистини и дезинформации, ќе бидат преземени сите соодветни правни и институционални чекори за заштита на угледот и интегритетот на банката“.
На споменатата прес-конференција од СДСМ побараа финансиската полиција да отвори истрага за начинот на кој српската Алта банка ја презеде Стопанска банка. Односно, институциите да утврдат што стои зад зделката и дали има основ за кривична или финансиска одговорност. Од партискиот антикорупциски тим наведоа дека „банкарот на Вучиќ станал банкар и на Мицкоски“, при што посочија дека Европската централна банка му забранила на сопственикот на српската банка да купи удел во австриската Адико банка „поради сомнеж во потеклото на капиталот, а Фајненшл тајмс пишувал за наводна „истрага за перење пари поврзана со компанијата Алта пеј“.
Аналитика








