ПОВЕЌЕ

    СЦВ (South Central Ventures) ќе продолжи значително да допринесува во развојот на стартап екосистемот во целиот регион

    Време зa читање: 4 минути

    Со новиот Технолошки фонд 3, друштвото за управување со фондови на ризичен капитал СЦВ, ги зголемува средствата со кои ќе управува за дополнителни 70 милиони евра. СЦВ како едно од најзначајните друштва за управување со фондови на ризичен капитал во регионот, со канцеларии во Скопје, Блеград, Загреб и Лубљана, ја доби повторно довербата од најзначaјните институционални Европски инвеститори (Европскиот Инвестициски Фонд и Европската банка за обнова и развој) како и од голем број приватни добро информирани инвеститори, за управување со нивните средства во следниот период.

    Новиот фонд ќе овозможи, СЦВ да продолжи да поддржува и инвестира во технолошки стартап компании во земјите на Западен Балкан кои имаат аспирација за освојување на глобалните пазари. Татјана Забасу Микуж, партнер во друштвото, наведува дека новиот фонд овозможува продолжување и зајакнување на инвестициската стратегија на СЦВ: Во изминатиот период СЦВ има поддржано речиси 30 компании во рана фаза на развој во целиот регион, но сме сведоци на се поглем број на компании кои претставуваат добра инвестициска прилика, а потекнуваат токму од овој дел на светот. Со новиот фонд ќе продолжиме да инвестираме во таканаречени технолошки победници, кои имаат присуство и активности во земјите од Западен Балкан но со интернационален фокус и амбиција, на кои ќе им помогнеме да го реализираат својот раст на глобалниот пазар. Досегашните успешни инвестиции реализирани со претходните фонодви, меѓу кои Когнизам (Cognism) и Инплаер (Inplayer) од Северна Македонија, и повторната поддршка која ја добивме од нашите инвеститори и партнери потврдуваат дека го имаме точниот пристап и вистинската формула за успех.”

    Како еден од ретките друштва за управување со фондови на ризичен капитал кој успева во континуитет да ја добие довербата од голем број на инвеститори да ги насочат своите средства кон регионот, СЦВ е значаен чинител на екосистемот во целиот регион кој има одиграно клучна улога во развојот и созревањето на истиот. Според Michael Parry, помошник директор во ЕБРД:“Забрзувањето на дигиталната трансформација е еден од клучните приоритет на ЕБРД и СЦВ е наш значаен партнер кој континутиано допринесува за развојот на екосистемот во регионот на Југоисточна Европа. Задоволство е да се биде дел и од новиот фонд и се надеваме дека заеднички ќе градиме успешни технолошки бизниси во регионот.”

    Друштвото за управување со фондови на ризичен капитал работи од четири канцеларии (Љубљана, Загреб, Белград и Скопје) со тим на искусни инвеститори со долгогодишно искуство во спроведување на успешни инвестициски стратегии. Тимот од неодамна е зајакнат со искусниот претприемач Горан Стевановиќ, кој се приклучува во раководниот тим на друштвото: “Технолошкиот сектор ја има единставената можност да го промени целиот регион но за глобален успех потребни ни се повеќе домашни успешни приказни. Сметам дека СЦВ е успешен катализатор и движечка сила на оваа промена во целиот регион, поради што решив да се приклучам на тимот и да го пренесам моето дваесет годишно искуство во ИТ индустријата и мојата пасија за претприемаштво.” СЦВ ќе продолжи да инвестира и поддржува технолошки стартап компании кои имаат развиен производ и на кои им се потребни средства за забрзан раст и развој на глобалниот пазар. Иницијалната инвестиција во компаниите ќе изнесува 500,000 евра, но во рамки на животниот век на компанијата и нејзниот развој, инвестицијата може да достигне до 5 милиони евра. Работењето на друштвото за управување со фондови на ризичен капитал СЦВ, е целосно усогласено со Европската регулатива за Фондови на ризичен капитал (European Venture Capital Fund (EuVECA) Regulation) што подразбира дека фондот на ризичен капитал со кој управува СЦВ ги исполнува сите барања и стандарди на работење пропишани со регулативната, а кои се однесуваат на инвестициското портфолио и техниките на инвестирање, како и на начинот на управување со средставата од аспект на специфичните еколошки, социјални и корпоративни фактори.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично