На 31.10 МБА – Македонската банкарска асоцијација по повод Светскиот ден на штедење го организираше традиционалниот настан на кој се прогласуваат најдобрите банкарски службеници за 2024 година.
Сањица Србиновска, менаџер за Стратешки клиенти во дирекција Стратешки клиенти и Драгана Симионова, референт на форнт, во експозитура Ѓорче Петров беа прогласени за најдобри банкарски службеници за оваа година од УНИБанка.
–Наградата ја доживувам како круна на мојот труд и сум преблагодарна. Работам тимски и учам од најдобрите, затоа наградата всушност припаѓа на целиот тим во Дирекцијата за стратешки клиенти. Најголемо задоволство ми е фидбекот од задоволните клиенти и затоа се радувам на секоја заедничка успешна соработка – ни посочи Србиновска.
Таа додаде дека проактивноста и емоционалната интелегенција дека се клучни елементи за успешен кариерен развој, и дека ова признание и е голем мотив да продолжи со уште поголема страст и поголеми цели во иднина.
–Голема чест е да бидеш избран за најдобар банкарски службеник. Постојаната упорност, одговорност, активност и верба во себе даваат успех. За да се биде успешен банкар не е целта да се постигнат само деловни резултати, туку и да се изгради доверба кај клиентите и колегите. Успешен банкар знае да ја разбере потребата на своите клиенти и да им понуди решенија кои носат вредност, а градењето долгорочни односи е клучно за задржување и проширување на клиентската база – објасни Симионова за Пари.