ПОВЕЌЕ

    Samsung воведува безбедносни решенија за мобилни уреди подготвени за иднината и персонализирано AI искуство

    Време зa читање: 7 минути

    Samsung Electronics Co., Ltd. денеска објави сет нови безбедносни ажурирања за приватноста, кои ќе се имплементираат со новите Samsung Galaxy смартфони со оперативниот систем One UI 8. Овие новини ја зацврстуваат посветеноста на Samsung да понуди моќна и доверлива мобилна технологија во бргупроменливиот дигитален свет, преку воведување на нови заштити за AI што работи на самиот уред, проширување на детекцијата на закани низ различни уреди и унапредување на безбедноста на мрежите со енкрипција отпорна на квантни компјутери.

    Напредна мобилна безбедност за персонализирано AI искуство

    Samsung ја воведува Knox Enhanced Encrypted Protection (KEEP) – нова архитектура дизајнирана да ја заштити следната генерација на персонализирани, AI поддржани функции, и е најновата иновација во мобилната безбедност. KEEP создава шифрирани, апликациско-специфични простори за складирање во безбедниот дел на уредот, осигурувајќи дека секоја апликација има пристап само до сопствените чувствителни информации и ништо повеќе.

    Поддржувајќи го Personal Data Engine (PDE) на Galaxy, KEEP помага во заштитата на личните податоци, како што се дневни рутини и преференции, кои овозможуваат функции како Now Brief и Smart Gallery Search. Овие информации остануваат целосно на уредот, заштитени од KEEP и дополнително осигурени преку Knox Vault, безбедносната хардверска околина отпорна на манипулации. Резултатот е беспрекорна основа за Galaxy AI која овозможува персонализирана интелигенција додека податоците остануваат целосно под контрола на корисникот.

    Системската структура на KEEP овозможува да се примени низ целата AI платформа на Galaxy. Покрај PDE, сега ги штити и функциите Now Brief, Smart Suggestions и други можности кои се потпираат на кориснички податоци – овозможувајќи попаметни AI искуства без да се наруши приватноста. Со KEEP, Samsung ја редефинира заштитата на податоците во позадина, претворајќи ја приватноста од обична поставка во суштински принцип на дизајнот.

    Попрозрачна и поврзана заштита со Knox Matrix

    Како што AI сè повеќе се интегрира во екосистемите, Samsung ги унапредува заштитите кои не само што нудат посилна безбедност, туку и поголема транспарентност и контрола за корисниците – со Knox Matrix како предводник. Преку One UI 8, Samsung го еволуира Knox Matrix за да обезбеди понапредна и покориснички ориентирана заштита за поврзаните Galaxy уреди.

    Кога некој уред ќе биде означен како под сериозна закана , како на пример манипулација на системот или лажирање идентитет, истиот автоматски ќе се одјави од Samsung Account, прекинувајќи го пристапот до cloud-поврзаните услуги за да спречи понатамошно ширење на заканата.

    Корисниците ќе бидат известени преку сите нивни Galaxy уреди и насочени кон страницата „Безбедносен статус на вашите уреди“, каде ќе можат да ја прегледаат ситуацијата и да преземат соодветни мерки. Дури и уредите кои немаат најнови безбедносни ажурирања ќе прикажат предупредување од жолто ниво, помагајќи им на корисниците навреме да реагираат пред да се зголеми ризикот.

    Овие надградби ја прават безбедноста на Galaxy екосистемот подинамична, поинтуитивна и појасна, давајќи им можност на корисниците со поголема самодоверба и контрола да го одржуваат безбедносниот интегритет на своите уреди.

    Secure Wi-Fi засилен со квантно-отпорна енкрипција

    Како дел од својата посветеност кон квантно-безбедна заштита, Samsung воведува пост-квантна криптографија во Secure Wi-Fi, продолжувајќи го пристапот што првпат беше претставен кај серијата Galaxy S25 преку Post-Quantum Enhanced Data Protection (EDP). Secure Wi-Fi сега е надграден со нова криптографска рамка дизајнирана да ја зајакне мрежната безбедност од новите закани, особено оние што се очекуваат во ерата на квантните компјутери.

    Оваа надградба ја обезбедува размената на криптографски клучеви во срцето на енкриптираните конекции, осигурувајќи стабилна приватност дури и преку јавни мрежи. Квантната технологија, кога целосно ќе се реализира, може да ги компромитира сегашните методи на заштита на податоци. Со интеграцијата на пост-квантна криптографија, Secure Wi-Fi е подготвен да се спротивстави на тактиката позната како „собери сега, дешифрирај подоцна“ – при што напаѓачите ги снимаат шифрираните податоци денес, со цел да ги дешифрираат во иднина кога технологијата ќе им го дозволи тоа.

    Оваа заштита го засилува безбедносниот тунел помеѓу Galaxy уредите и Samsung серверите, дополнително зајакнувајќи ја сигурноста на податоците во средини со висок ризик како што се јавните Wi-Fi мрежи.

    Дополнително, Secure Wi-Fi сега нуди и следниве функции:

    • Auto Protect: Автоматски се активира на јавни места како кафулиња, аеродроми и хотели, обезбедувајќи Wi-Fi врска без потреба од рачна интервенција.
    • Enhanced Privacy Protection (EPP): Го енкриптира интернет-сообраќајот и го насочува преку повеќе слоеви на заштита, комбинирајќи енкрипција на пакети и пренасочување за да ја анонимизира информацијата и да спречи следење.
    • Protection Activity: Дава увид во историјата на заштитата, покажувајќи кои апликации и мрежи биле заштитени и колку податоци биле енкриптирани со текот на времето.

    Доверлива платформа со вградени безбедносни механизми

    окрај најновите иновации, Samsung продолжува да ја засилува основната заштита што ја дефинира Galaxy искуството. Овие функции го одразуваат мултислојниот пристап на Samsung кон безбедност, кој ги комбинира хардверот и софтверот, а воедно нуди и поголема транспарентност и контрола за корисниците:

    • Knox Vault ги чува чувствителните информации како лозинки, PIN-кодови и биометриски податоци во физички изолирана средина, со што се спречува пристап дури и во случај на компромитирање на оперативниот систем.
    • Auto Blocker нуди заштита по дифолт, блокирајќи неовластени инсталации на апликации, ограничувајќи напади базирани на команди и намалувајќи ризици од „zero-click“ закани.
    • Advanced Intelligence Settings овозможуваат корисниците да го исклучат онлајн процесирањето на податоци за AI функциите, задржувајќи ги информациите целосно на уредот и под нивна контрола.
    • Enhanced Theft Protection помага во заштита на личните податоци во ризични ситуации, како што е кражба на уред, преку функции како Identity Check и Security Delay кои спречуваат неовластен пристап.

    Овој сет на ажурирања ја зајакнува долгорочната посветеност на Samsung кон мобилна безбедност што постојано се развива заедно со технолошките иновации. Тој го засилува концептот на on-device AI приватност со KEEP, воведува поголема транспарентност и контрола преку Knox Matrix, и додава квантно-отпорна заштита на Secure Wi-Fi, креирајќи Galaxy искуство подготвено за иднината. Додека се појавуваат нови безбедносни предизвици, Samsung останува фокусиран на решенија кои се вградени, постојано активни и подготвени за она што следи.

     

    About Samsung Electronics Co., Ltd.

    Samsung ги инспирира луѓето и ја обликува иднината преку трансформативни идеи и технологии. Компанијата ги редефинира световите на телевизори, дигитално означување, смартфони, нослива технологија, таблети, домашна електроника и мрежни системи, како и меморија, LSI системи и фабрикација на чипови. Samsung, исто така, напредува во медицинската визуелизација, HVAC решенија и роботика, создавајќи иновативни автомобилски и аудио производи преку Harman. Со својот SmartThings екосистем, отворена соработка со партнери и интеграција на AI во целиот свој производен асортиман, Samsung нуди поврзано и интелигентно искуство. За најнови информации, посетете ја: samsung.com/mk.

    [1] Достапно на Galaxy смартфони и таблети со One UI 8 или понова верзија.

    2 Функцијата Personal Data Engine работи кога е вклучено менито Personal Data Intelligence. Сите анализирани податоци се бришат штом ова мени ќе се исклучи., model, and OS version.

    3 Достапно на Galaxy смартфони и таблети со One UI 8 или понова верзија. Достапноста може да варира во зависност од моделот и/или пазарот.

    4 Secure Wi-Fi нуди бесплатна заштита до 1024MB месечно за уреди со Android OS 13 или понова верзија, и до 250MB месечно за уреди со Android OS 12 или постари верзии. Деталите за достапност може да се разликуваат по пазар или оператор, а поврзувањето зависи од мрежната околина.

    5 Оваа надградба применува пост-квантен криптографски алгоритам сертифициран според NIST FIPS 203 (ML-KEM). Достапноста може да варира според пазарот, моделот и верзијата на оперативниот систем.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично