Samsung Electronics учествуваше на саемот ISH 2025[1] — водечкиот светски настан од овој тип за сектори поврзани со санитарна опрема, греење, вентилација и климатизација (HVAC), кој се одржа од 17 до 21 март во Франкфурт. Samsung претстави иновативни решенија осмислени за зголемување на удобноста и поврзаноста во станбено и деловно опкружување.
„Оваа година по втор пат учествуваме на саемот ISH, откако дебитиравме во 2023 година, и драго ни е што прикажавме уште понапредни производи и различни паметни решенија, како што се SmartThings Pro и b.IoT Lite[2], кои се во согласност со слоганот „Поврзан проток’“, изјави Вим Венгенбург (Wim Vangeenberghe), потпретседател на Samsung Electronics Air Conditioner Europe B.V. „Ова беше значајна можност да ги претставиме иновациите од новата генерација и да ја истакнеме нашата посветеност кон обезбедување искуство на попаметно живеење.“
Претставување на производите: Истакнување на напредни решенија за ладење, вентилација и климатизација
Samsung на саемот ISH 2025 ја прикажа својата широка палета на системи и решенија, како што се Slim Fit EHS ClimateHub и Mono R290, контролери на допир, Wi-Fi модули и други иновативни решенија. Еден од клучните елементи беше претставувањето на новите модели на Bespoke AI WindFree клима уредите, наменети за поголема удобност и прилагодено корисничко искуство.
Новите Bespoke AI WindFree клима уреди за 2025 година се одликуваат со функцијата AI[3] Fast & Comfort Cooling, со вградена вештачка интелигенција која овозможува брзо постигнување на посакуваната температура, прилагодувајќи се на навиките и преференците на корисникот. Кога овој режим ќе се активира, прво се намалува температурата во просторијата, а потоа AI технологијата постојано го анализира внатрешното и надворешното опкружување за да утврди дали е постигната посакуваната температура, по што автоматски се префрла на режимот WindFree Cooling.
Дополнително, новата технологија Comfort Drying овозможува одвлажнување без дување на студен воздух. Додека стандардните режими на одвлажнување ја намалуваат температурата за да ја елиминираат влагата, оваа технологија ја одржува соодветната влажност при температура која корисникот ја има поставено — идеално за оние кои не сакаат да им биде студено за време на одвлажнувањето. Корисниците, исто така, можат да го активираат режимот AI Energy преку апликацијата SmartThings, со што ја намалуваат потрошувачката на енергија за дури 30 проценти[4]. Ова е овозможено благодарение на AI анализата која ја контролира фреквенцијата на ротација на компресорот, спречувајќи ненадејни запирања или нагли зголемувања.
Признание за извонреден дизајн
Samsung, исто така, објави дека внатрешните единици на Slim Fit EHS ClimateHub – ClimateHub Mono и Hydro Unit Mono[5] – ја освоија престижната награда Designplus во категоријата „вода и ефикасност+“ на саемот ISH 2025. Оваа награда се доделува на производи кои успешно комбинираат иновативен дизајн со технологија, со акцент на нови концепти што создаваат додадена вредност преку технолошки напредок.
Овие модели се одликуваат со slim fit дизајн[6] кој овозможува поставување на различни локации во домот и управување од било каде. И покрај овој дизајн, клучните компоненти, како што се магнетни филтрите, тронасочните вентили и експанзиониот сад за греење, се вклучени како стандардни функции, што овозможува брза и ефикасна инсталација. Дополнително, уредите се опремени со 7-инчен AI Home[7] екран – широк екран што значително ја зголемува удобноста при користење. Корисниците можат лесно да ја контролираат температурата и поставките, да го следат статусот и потрошувачката на енергија[8] од поврзаните соларни фотоволтаични (PV) системи преку зониран преглед, како и да управуваат со други уреди поврзани преку апликацијата SmartThings. [9]
Совршена интеграција: SmartThings Pro за напредно деловно опкружување
Во согласност со слоганот „Поврзан проток“, Samsung ги претстави предностите на своите паметни решенија базирани на SmartThings Pro[10] преку различни сценарија и простори. Посетителите можеа да видат како SmartThings Pro овозможува креирање на прилагодено деловно опкружување со уреди од Samsung, како и со одредени уреди од трети страни – како што се сијалици и соларни панели – овозможувајќи сеопфатно следење на потрошувачката на енергија низ целиот дом.
Дополнително, Samsung ги претстави SmartThings Pro и b.IoT Lite – решенија за деловни средини и комерцијални простори, како што се хотелите и продавниците. Овие решенија ја унапредуваат оперативната ефикасност и овозможуваат попаметно управување со греењето, ладењето и потрошувачката на енергија.
Samsung останува посветен на проширување на своето деловно присуство во областа на греење, вентилација и климатизација на глобално ниво и продолжува да нуди иновативни климатски решенија за корисниците ширум светот. Посетителите на штандот на Samsung на саемот ISH 2025 имаа можност да ги истражат новите производи опремени со овие технологии, да разговараат со претставниците и од прва рака да ја искусат иднината на решенијата за ладење, вентилација и климатизација.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
[1] „Internationale Sanitär- und Heizungsmesse” (ISH) на македонски јазик се преведува како „Меѓународен саем за санитарна и опрема за греење““.
[2] b.IoT Lite е интегрирано контролно решение кое ја подобрува работата на VRF системите во мали и средни згради. Како платформа базирана на сервер, тос обезбедува напредна функционалност, како што е предвидливо одржување и управување со енергија.
[3] За да ја користите функцијата AI Auto Cooling, потребна е Wi-Fi врска и сметка на Samsung на апликацијата SmartThings..
[4] Тестирањето беше спроведено во лабораторија на Samsung поставена како станбен простор од 132 m² на температура од 35°C / 24°C (сува сијалица / влажна сијалица, KS C 9306: климатизација). Резултатите беа доставени до Intertek, кој ги интерпретираше со споредување на потрошувачката на енергија помеѓу вклучен и исклучен режим AI Еnergy Мode во AI Сomfort Мode на моделот AR07D9181HZN. Вистинските заштеди може да зависат од шемите на користење и околината, а поставената температура може да се зголеми до два степени. Потребна е употреба на апликацијата SmartThings и сметката на Samsung.
[5] ClimateHub Mono има интегриран резервоар за вода, додека Hydro Unit Mono е единица монтирана на ѕид без резервоар за вода.
[6] Димензии: ClimateHub Mono = 598(Š)x1,850(V)x600(D)mm, Hydro Unit Mono = 530(Š)x840(V)x350(D)mm.
[7] AI Home се однесува на 7-инчен LCD екран на производот. Не значи дека сите услуги достапни на AI Home се со AI или генерираат информации или исходи користејќи AI. Одредени функции достапни преку AI Home користат алгоритми базирани на AI, кои може периодично да се ажурираат за да се подобри точноста. Алгоритмите базирани на AI може да генерираат нецелосни или неточни информации. Потребна е Wi-Fi врска и сметка на Samsung. Можеби ќе треба да користите посебен уред на пр. вашиот лаптоп/компјутер или мобилен уред, за да креирате/да се логирате на сметка на Samsung. Ако изберете да не се најавите, нема да можете да уживате во никакви функции достапни на AI Home, како што се услугите достапни на апликацијата SmartThings.
[8] Потребна е врска помеѓу EHS и PV системот и се активира со помош на функцијата PV во AI Home.
[9] Потребна е сметка на Samsung. Уредите мора да бидат поврзани на Wi-Fi мрежа и регистрирани во апликацијата SmartThings.
[10] Апликацијата SmartThings, достапна на уредите со Android и iOS, мора да се преземе. Потребна е Wi-Fi врска и сметка на Samsung.