ПОВЕЌЕ

    Samsung ќе изгради фабрика за чипови од 17 милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    Самсунг планира да изгради фабрика за полупроводници од 17 милијарди долари во близина на Остин, Тексас, во следните три години, како дел од напорите да го зголеми производствениот капацитет и да го ублажи глобалниот недостиг на чипови.

    Јужнокорејскиот технолошки гигант во вторник најави изградба на фабрика со вкупна површина од 5 милиони квадратни метри, со цел да го зголеми производството на најсовремените логички полупроводници, кои се користат во телефоните и компјутерите, пренесува CNBC.

    Самсунг очекува дека градежните работи ќе започнат во првата половина на 2022 година, а се надеваат дека фабриката ќе профункционира до втората половина на 2024 година, пренесува Танјуг.

    Вкупната проектирана инвестиција од 17 милијарди долари ќе биде најголемата што Самсунг досега ја има направено во САД. Оваа сума вклучува згради, машини и опрема.

    Самсунг започна со работа во САД во 1978 година, каде што вработува повеќе од 20.000 луѓе ширум земјата. Со најновата инвестиција, вкупните инвестиции на Самсунг во таа земја ќе надминат 47 милијарди долари, соопштија од компанијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично