Samsung Electronics Co., Ltd. денес го објави официјалното лансирање на Micro RGB – првиот дисплеј во светот со микроскална RGB LED позадинска осветлувачка технологија зад голем 115-инчен екран. Овој револуционерен модел воспоставува нови стандарди за точност на боите, контраст и имерзивно доживување во сегментот на ултра-премиум телевизори.
Micro RGB е изграден врз сопствената Samsung Micro RGB Технологија, која распоредува индивидуално контролирани црвени, зелени и сини micro RGB LED диоди и секоја е помала од 100 μm во ултрапрецизен шаблон зад панелот. За разлика од традиционалното позадинско осветлување, оваа архитектура овозможува беспрекорна контрола на секоја LED диода за црвената, зелената и сината боја.
„Micro RGB постигнува невидено ниво на прецизност во контролата на микрометарските RGB LED диоди, подигнувајќи ја летвичката за точност на боите и контрастот кај потрошувачките дисплеи,“ изјави Таејонг Сон, извршен потпретседател и раководител на R&D тимот во Visual Display (VD) бизнисот на Samsung Electronics. „Со ова лансирање го поставуваме стандардот во големоформатниот, ултра-премиум ТВ сегмент и ја зацврстуваме нашата посветеност на иновациите во дисплеј технологијата на иднината.“
Micro RGB е управуван од Micro RGB AI Engine, вештачко-интелигентен процесор кој во реално време ја анализира секоја слика и автоматски ги оптимизира боите за пореално и подинамично искуство. Со функцијата Micro RGB Color Booster Pro, системот ги препознава сцените со побледи тонови и интелигентно ги засилува боите во целата содржина за повпечатлива слика.
Покрај тоа, технологијата Micro RGB Precision Color гарантира испорака на боите онака како што се замислени со прецизна контрола и 100% покриеност на BT.2020 стандардот за точност на боите, утврден од Меѓународната телекомуникациска унија (ITU). Дисплејот доби и „Micro RGB Precision Color“ сертификација од германскиот институт VDE.
Со Glare Free технологијата, Micro RGB минимизира одблесоци дури и во силно осветлени простории, нудејќи покомфортно и пофокусирано гледање. Ултратенкиот метален дизајн со минималистички линии лесно се вклопува во секој ентериер.
Интегрираниот Samsung Vision AI носи најнови AI технологии за слика и звук, како и паметен Bixby гласовен асистент поткрепен со генеративна вештачка интелигенција, кој овозможува поконверзациско и персонализирано искуство без да се напушти екранот.
Micro RGB е заштитен со Samsung Knox водечко безбедносно решение за заштита на чувствителните лични податоци, и е опфатен со програмата за 7-годишна бесплатна Tizen OS надградба, гарантирајќи долгорочни софтверски подобрувања и поддршка.
По премиерата во Јужна Кореја, Micro RGB ќе биде достапен и во САД, а потоа и на глобално ниво, со повеќе големини во понудата за да се задоволат различните потреби на корисниците.
Повеќе информации за Micro RGB: https://www.samsung.com/mk/
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата ги редефинира световите на телевизорите, дигиталната сигнализација, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, домашните апарати и мрежните системи, како и на меморијата, системските LSI решенија и полупроводничките производствени процеси. Samsung, исто така, напредува во областа на медицинската дијагностичка технологија, HVAC решенијата и роботиката, создавајќи иновативни автомобилски и аудио производи преку Harman. Со својата SmartThings екосистема, отворена соработка со партнери и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целиот свој портфолио, Samsung нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најнови вести, посетете ја Samsung Newsroom на https://www.samsung.com/mk/
ДВЕ ТРЕТИНИ ОД КОМПАНИИТЕ ШТО КОТИРААТ НА БЕРЗА СЕ СО ПОМАЛА ДОБИВКА ОД ЛАНИ или се во загуба!?