ПОВЕЌЕ

    Samsung апарати за домаќинство: иновација и ефикасност за модерниот дом

    Време зa читање: 4 минути

    Samsung апаратите за домаќинство го трансформираат секојдневниот живот со својата напредна технологија, која не само што ја подобрува удобноста, туку и ја максимизира енергетската ефикасност и долготрајноста на секој уред. Овие производи комбинираат иновација, стил и функционалност, правејќи ги совршени за модерни домови.

    Интелигентно чистење на домот со Bespoke Jet AI

    Кога станува збор за чистење, Samsung ја доведува технологијата до ново ниво со правосмукалката Bespoke Jet AI. Овој уред е опремен со напредна интелигентна технологија која преку сензори автоматски ја препознава површината на подот и ја прилагодува моќта на вшмукување, обезбедувајќи максимална ефикасност и заштеда на енергија. Без разлика дали се работи за паркет, тепих или плочки, Bespoke Jet AI го прочистува секој дел од домот, дури и тешко достапните ќошиња. Со технологијата Air Pulse, правосмукалката автоматски го испразнува резервоарот за прашина, додека Air Spin Edge го врти Spinning Cyclone со брзина до 1000 вртежи во минута, ослободувајќи ги сите микроскопски честички прашина. Секој детал е дизајниран за да ги задоволи највисоките стандарди на чистота и удобност, од главната четка Active Dual до специјалните додатоци за чистење на тесни простори и миленици.

    Машина за перење за совршено чисти алишта

    Samsung ја донесува технологијата на следната генерација и во перењето алишта со новите AI Wash машини. Овие апарати за перење користат вештачка интелигенција за да го препознаат типот на ткаенина и ја прилагодат програмата за перење на оптимален начин. Сензорите во машините ја мерат тежината, мекоста и степенот на нечистотија на алиштата, што гарантира ефикасно и нежно перење. Моделите се WW8400 и WW7400, обете со предно полнење со SmartThings AI Energy Mode и до А-40% екстра енергетска ефикасност и капацитет до 11 килограми. Технологијата Ecobubble овозможува перење во ладна вода, додека вештачката интелигенција автоматски ја пресметува потребната количина на детерџент, нудејќи ефикасност и заштеда на ресурси. Со овие машини, вашиот дом е еден чекор поблиску до совршенството.

    Стил и иновација во вашиот фрижидер

    И за вашата кујна, Samsung Bespoke фрижидерот RF8000BC е вистински избор за секој современ дом. Со својот елегантен дизајн и врвна технологија, овој фрижидер комбинира стил и функционалност. Француската врата и лесниот пристап до внатрешноста го прават ова решение идеално за модерни кујни. Напредната Twin Cooling Plus технологија ја одржува храната свежа подолго, додека автоматскиот уред за правење мраз и диспенсерот за вода обезбедуваат удобност во секој момент. Со своите прилагодливи полици и фиоки, фрижидерот RF8000BC е идеално решение за ефикасно и организирано складирање. Неговата висока енергетска ефикасност го прави одржлив и економичен избор.

    Samsung апаратите се тука за да го поедностават вашиот живот, нудејќи ви иновација, енергетска ефикасност и високи перформанси во секој аспект на домаќинството. Без разлика дали станува збор за чистење, перење или складирање, овие уреди се создадени за да ги задоволат сите ваши потреби.

    Искористете ја промотивната понуда сега

    Сега е вистинкиот момент да си дозволите вакви уреди, бидејќи во тек е  промотивната понуда со која при купување на одбрани уреди за домаќинството, Samsung ви нуди продолжена гаранција од 5 години, која покрај редовната гаранција од 2 години, вклучува и дополнителни 3 години комерцијална гаранција, како и 3 години за одбрани правосмукалки  односно 1 година редовна и 2 години дополнителна комерцијална гаранција Оваа промоција можете да ја користите со регистрирање на вашиот уред и исполнување на условите утврдени во посебни правила за промоцијата. Повеќе информации прочитајте тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично