Samsung Electronics Co., Ltd. објави дека најновата AV линија за 2025 ќе биде достапна од 26 мај. За да го одбележи нејзиното претставување и да ја прослави моќта на Samsung Vision AI, компанијата го организираше настанот „The Home of Vision“, каде што беше демонстрирана силата на вештачката интелигенција во филмовите, игрите и спортот.
Настанот „The Home of Vision“ беше импресивно и интерактивно искуство кое ја претстави визијата на Samsung за трансформација на телевизорот – од обичен екран до интелигентен придружник во паметниот дом, што се прилагодува на вашите потреби и станува централен елемент во секое домаќинство.
Хосе Бареиро-Лопез, потпретседател за ТВ и AV сегментот на Samsung Европа, изјави:„Samsung веќе 19 години по ред е број еден ТВ бренд на глобално ниво. Оваа година ги трансформираме нашите телевизори во вистински придружници со вештачка интелигенција, дизајнирани да бидат во срцето на секој дом.“
„Нашиот настан ја прикажува разновидноста на нашата ТВ понуда, со ветување дека ќе го подигнеме домашното забавно искуство на повисоко ниво. Без разлика дали сте целосно вовлечени во филмско доживување, навивате за омилениот спортски тим или уживате во гејминг сесија со пријателите – нашите телевизори се дизајнирани да одговорат на секое искуство, а Samsung Vision AI тоа го носи на следното ниво.“
Отклучете го целосниот потенцијал на Vision AI во домот
Настанот „The Home of Vision“ понуди интерактивни зони посветени на омилените активности на потрошувачите: гејминг, филмови и спорт – прикажувајќи како Samsung Vision AI не само што ја подобрува сликата и звукот, туку создава и нови начини за уживање во тие искуства.
Домашното кино ја пресоздава магијата на иконски филмски сцени со извонредна јасност и длабочина, благодарение на напредната оптимизација на сликата преку вештачка интелигенција. Преку анализа на жанрот и опкружувањето, телевизорот автоматски ги прилагодува параметрите за да го подобри визуелното искуство.
„Филмското искуство“ вклучува и AI Sound. Со анализа на акустичните карактеристики на просторот, звукот се прилагодува во реално време и создава богат, просторен аудио ефект кој ве обвива. Аудио перформансите се унапредени кај целата нова линија, идеални за целосно уживање во филм или серија. AI Sound работи во совршена синергија со најновата линија на Samsung Q-Series Soundbar звучници, благодарение на функцијата Q-Symphony – овозможувајќи искуство слично на кино во удобноста на вашиот дом.
Спортската зона прикажува како Samsung Vision AI интелигентно се прилагодува на вашето поставување за гледање и на содржината што ја гледате – нудејќи навистина персонализирано искуство за секој љубител на спортот.
Во фокус е функцијата AI Motion Enhancer Pro, која го изострува содржините со пониска резолуција, го намалува заматувањето и изобличувањето на движењето на топката, овозможувајќи телевизорот да се прилагоди на спортовите што ги сакате. При гледање динамични натпревари, како што е фудбал, AI Motion Enhancer Pro интелигентно го следи движењето на топката и ја подобрува нејзината резолуција во реално време – осигурувајќи секој момент да изгледа остро и јасно, создавајќи чувство како да сте на трибините.
За гејмерите, Samsung Vision AI може да биде вистинска пресвртница – е-спортски инспирирано опкружување со QLED 4K QN90F екрани и динамично осветлување создаваат импресивна атмосфера, прикажувајќи карактеристики што реагираат во реално време на текот на играта.
Функцијата AI Auto Game Mode автоматски ги препознава гејминг насловите и жанровите, фино прилагодувајќи ги поставките за врвно гејминг искуство – што значи дека играчите повеќе нема потреба рачно да ги менуваат поставките. Ако сте обожавател на RTS игри, а потоа сакате да преминете на FPS, AI Auto Game Mode се адаптира во реално време – за да не испуштите ниту еден клучен момент.
Поддржани од Samsung Vision AI, најновите телевизори на Samsung го подигнуваат корисничкото искуство на ново ниво – со водечката Quantum Dot технологија која нуди живописни, реалистични бои за незаборавно визуелно доживување. Технологијата Glare-Free, која сега се применува на избрани модели од Neo QLED и OLED серијата, ги намалува рефлексиите, а сепак ги задржува длабоките црни тонови и острите слики – дури и во светли простории. Новиот антирефлективен материјал гарантира извонреден квалитет на слика во секое осветлување.
Моделите како HW-Q990F и HW-Q930F нудат тродимензионален просторен звук со поддршка за Dolby Atmos и DTS:X, овозможувајќи врвно аудио доживување.
Следниве модели од AV линијата за 2025 ќе бидат достапни за купување од 26 мај 2025:
- Телевизори: QN990F, QN900F, S95F, QN90F, S90F, QN85F, QN80F, QN70F, Q8F, Q7F
- Lifestyle серија: LS03FW, LS03F
- Звучници: Q990F, Q930F, Q800F, QS700F
За повеќе информации за најновата телевизиска линија со Samsung Vision AI, посетете ја страницата: https://www.samsung.com./mk/
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината преку трансформативни идеи и технологии. Компанијата ги редефинира световите на телевизорите, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, куќните апарати, мрежните системи, меморијата, системите LSI, производството на полупроводници и LED решенијата – при тоа овозможувајќи беспрекорно поврзано искуство преку својот SmartThings екосистем и отворена соработка со партнери.
За најновите вести, посетете го Samsung Newsroom на: https://www.samsung.com./mk/offer/